Ресторанот се наоѓа во склоп на етно селото Bella Casa
За трагачите по
гастро искуствата, Васко вели дека овде може да се најдат многу вкусни традиционални
специјалитети кои ги подготвува искусен шеф на кујна. Домашната храна која се
почесто недостасува на трпезите можете да се најде овде. Почнувајќи од локално
ѓомлезе, питулици, како и главни јадења кои се специјалитети од јарешко, јагнешко,
срнечко и свинско диво месо, а сето ова парирано со домашна ракија или домашно
вино.
Дестинацијата е идеална во текот на цела година. Преку зимскиот период честопати се случува да има снежна покривка, додека пак преку летниот период гостите уживаат свежи и ниски температури. Кога во котлините владеат пеколни температури, овде може да се ужива со најмалку 10 степени.
Контакт: 078 261 767
ЛОКАЦИЈА