Винарска визба: Винар

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

„Во 2006-та година Винар започна со производство на високо квалитетни вина во дрвени француски „barrique“ буриња, со кое се овозможува вината да се одликуваат со посебна препознатлива и уникатна арома“.

Винаријата се наоѓа покрај самиот кеј на реката Вардар во населбата Ѓорче Петров. Ние разговаравме со Мила, која ги отвори портите на винаријата за светот на Кајак.мк. Таа вели дека винаријата е основана во 2004-та година, а во моментов имаат производство со годишен капацитет од 50,000 литри високо квалитетно вино. Сите вина се произведени од најквалитетно грозје со достигната технолошка зрелост по кое го носат името.

„Во 2006-та година Винар започна со производство на високо квалитетни вина во дрвени француски „barrique“ буриња, со кое се овозможува вината да се одликуваат со посебна препознатлива и уникатна арома“.

Денеска гостите може да дегустираат Кабернет Совињон Барик кое е суво црвено вино со пурпурно црвена боја, дискретна овошна арома со траги на зачин, дрво, вишна, малина и суво овошје. Овде се и барикниот Вранец, Мерло во лимитирана бројка, барикното Сира вино, како и Ризлингот.

Што се однесува до самиот простор на винаријата и прекрасното пространо дворче, од винаријата велат дека се секогаш добредојдени за организирање на било какви семејни или коорпортативни настани. Теренот е достапен со автомобили или автобуси, а покрај отворениот просот, винаријата има и свој затворен простор кој функционира во текот на студените денови.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар