Рибник во Македонија Контакт: 071200355
На само 15 километри од патниот правец од Охрид кон Ресен и на 3 километри пред селото Куратица се наоѓа рибниот ресторан „Рајска Долина“. Тимот на Кајак.мк разговараше со Зоран и Тони. Двајца страсни рибари, кои љубовта кон спортот ги поттикнала да отворат свој рибарник изграден од лесни и природни материјали кои ќе се вклопат со природата.
Рибниот ресторан работи седум години по ред и исклучиво во летниот период. Сезоната им започнува до месец мај и трае се до октомври пред да започнат обилните врнежи и студот.
Зоран вели дека преголемата желба кон рибите и риболовот ги поттикнала да отпочат со свој бизнис каде ќе одгледуваат риба, а подоцна и да ја продаваат во свој ресторан. Пред цели 10 години започнале со градење на рибникот, а летниот ресторан го изградиле две години подоцна.
Местото на кое е изграден рибникот е погоден за чување риба. Чистата вода од самите извори кои се во непосредна близина и недопрената природа се причината поради која стекнуваат редовни гости.
Тие велат дека најголеми комплименти добиваат од странските туристи кои ретко искусиле таква природа и го искористуваат денот да уживаат покрај течението на реката. Она што за домаќините е најважен сегмент е рибата да биде вкусна и чиста.
Од месо се служи исклучиво риба и тоа Охридска пастрмка, речна пастрмка и крап. Поради тоа што самиот рибник се наоѓа на река која е на охридско сливно подрачке, законски е забрането одгледување на друга риба.
Доколку гостите имаат желба може сами да уловат риба, особено на рибникот/езерото за крап кој преставува вистинска атракција.
Порај рибата, се служат и стандардните самати и овчото сирење од селото Плаќе.
За рибниците и рибите потребна е грижа во текот на цела година. Одвојување на големите од малите риби, хранење, чистење и оддржување, вели Зоран. Но додава дека покрај рибите редовни другари им се и патките, кокошките и зајаците кои ја уживаат природата и бенефитите од местото.
ЛОКАЦИЈА