Ладно масло од лешник

Каде во Струга? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Посетете го Зоран и насадите со лешкик од кои произведува масло од лешник тел. број за контакт : 070/509-004

Зоран произведува ладно цедено масло од лешник. Неговата животна приказна и тешката борба со болеста врз која издвојува победа, била главната причина да отпочне со одгледување на лешници и производство на нешто кое тој го нарекува лек против многу болести.

Зоран вели дека има насади со лешници кои се наоѓаат на пет километри од градот Струга, во село Ложани од десната страна по течението на реката Црн Дрим и на 700 метри надморска височина.

Чистата еколошка средина го поттикнала да преземе одговорност и да отпочне со производство на нешто ново, уникатно, невообичаено и ретко на домашниот пазар. По неколкуте спроведени истражувања, одлучиле дека со плодовите кои си собираат од насадите може да произведуваат масло од лешник, кој покрај путерот ќе биде нов предизвик за него и неговото семејство.

Пред месец дена ја купиле машината за производство и започнале со пишување нова приказна. Зоран вели дека производството е лесно, а она што е најважно за квалитетно масло е да се има квалитетен лешник.

Процесот започнува со отстранување на кората и печење на одредена температура. Потоа лешникот продолжува во пресата каде се цаде и се добива ладно квалитетно цедено масло, кое е спремно за конзумиеање.

Истото се складира во сталени шишиња без никакви додатоци поради трајноста и задржувањето на здравствените придобивки за кои Зоран вели дека се неверојатни. Почнувајќи од различни витамини и киселини, калциум, магнезиум, железо и ред други минерални супстанци кои заедно комбинирани го создаваат „Еликсирот за здравје“.

Ваквото произведено масло кој е богато со Омега-3 масни киселини, помогна во намалување на ризикот од срцеви заболувања, намалување на лошиот холестерол и намалување на воспалението. Содржи голема количина на мононезаситени масла како Омега-9, кои ја подобруваат циркулацијата на крвта, додава производителот.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар

Коментари

  • Buseski mitre

    02.11.2021 13:45

    Kade moze da se nabavi maslo od lesnik