Traikovsky Wines & Spirits: Барово, село Крњево
Каде во Кавадарци? Разговарај на Viber Јави се на телефонВинаријата и дестилеријата Трајковски се наоѓа во еден од најубавите предели во Македонија за кој Билјана вели дека е регион кој го користеле нивните предци. Нивната намера е да останат овде и да продолжат да се водат според старите филозифии, методологии и пракси.
Во рурална домашна атмосфера, опколени со пространи
лозови насади и со чаша пијалок од брендот Traikovsky Wines & Spirits, тимот на Кајак.мк
го започна разговорот со Билјана Трајковска која заедно со семејството
испишуваат една уникатна приказна што ја прави Македонија земја-вредна за
посета.
За нас нема ништо поубаво од тоа да отпатуваме
во регионот на Барово кој е на 700 метри надморска височина и да уживаме во
голтките вкусови кои ги нуди квалитетното баровско грозје, а сигурни сме дека
по оваа четиво, ќе ви го зголемиме и вашиот апетитот да го посетите овој тиквешки
планински предел и да се уверите во квалитетите на нашите „дестилерии амбасадори“.
Оваа четиво ќе ви помогне во одлуката за тоа каде
да го организирате вашиот следен семеен настан или еднодневен тим-билдинг,
бидејќи како што велиме во Кајак.мк: Барово е нашата Тоскана која допрва ќе се развива.
Помеѓу баровските дестилерии и винарии, се
наоѓа и малата семејна дестилерија и винарија која го носи називот „Traikovsky
Wines & Spirits“. Трајковски е новата попатна гастро дестинација која од
денеска е дел од светот на Кајак.мк, а чија приказна за почетоците и развојот
ни ја раскажа Бијлана Трајковска.
Трајковска вели дека она што ги прави горди
производители е плод на прадедова традиција од 1922! Квалитетните рецепти кои
нивните предци таинствено ги предавале од генерација на генерација, резултирале
со официјален печат во 2008-та година кој им го отвора патото кон глобалните
пазари, а кој веќе во 2010-та година прераснува во еден глобален бренд кој ја
промовира Македонија ширум Европската Унија, САД и Австралија.
Винаријата и дестилеријата Трајковски се наоѓа
во еден од најубавите предели во Македонија за кој Билјана вели дека е регион
кој го користеле нивните предци. Нивната намера е да останат овде и да продолжат
да се водат според старите филозифии, методологии и пракси.
Лоцирана во селото Крњево, оваа мала семејна
дистелерија ден-денес работни по традиционалните принципи, користи бакарни
казани и рецепти од 1922 година кои наметнуваат двојна и тројна дестилација. Користат
грозје кое се користело отсекогаш, бидејќи веруваат дека најдобрите ракии и
вина се правеле токму од овие лозови насади кои растат на висорамнините на
Кожуф планина до 700 м.н.в.
Денеска, заштитен знак на „Traikovsky Wines
& Spirits“ се дестилатите кои важат за најдобрите во Македонија и кои ги
пласираат во извоз, а кај нас може да се најдат единствено во специјализирани
продавници за алкохол, како и online на интернет страницата на дестилеријата.
Билјана додава дека се особено горди на
ракијата Traikovsky која има уникатен „виски“ шмек, а кој е резултат од
комбинацијата на шест сорти грозје, а која ракија зрее три години во буриња од
Благуњ даб.
Овде се вклучува и вињакот Traikovsky VS, кој е
комбинација од 12 сорти грозје и зреен три години во француски даб, а кој вињак
е пандан на француските коњаци и доста често на слепи дегустации ги надминува и
вињаците од најдобрата француска четворка, додава Бијлана. Што се однесува пак
до вината, тие се карактеризираат со богати ароми и свежина.
На пазарот ги имаат „Tribute Темјаника“, која
е дефинитвно поразличен стил на темјаника од онаа која повеќето консументи се
навикнати да ја дегустираат, затоа што е упорно ароматична на нос, но солидна
на вкус и претставува вистинско освежување од вино од сортата темјаника, а се карактеризира
со неверојатно привлечни ароми на цвет од бозел, мед и тропски овошја, вели
Билјана.
Овде може да го споменеме и „Tribute Розе“,
кое е вино со прекрасен карактер, моќно, јако розе од Каберне Совињон кое плени
и хипнотизира со своите незаборавни ароми и вкусови на џем од презреана јагода,
Мараска цреша и сладолед од портокал.
Како последно вино кое Билјана го истакнува е Вранецот
кој ќе биде подготвен за продажба од наредната година, а кој се произведува по
теркот на нивниот покоен татко-дистелер.
За да можете да ја почувствувате приказната
„на своја кожа“, да уживате слушајќи ја приказната во детали и да го конзумирате
рецептот од 1922 година, тимот на Кајак.мк ве информира дека „Traikovsky Wines & Spirits“ има свој прекрасен простор за уникатни седенски и дегустација,
дегустација со пикник или традиционален ручек во рурална домашна атмосфера.
Сето ова се реализира во самиот двор пред самата винарија/дистилерија под
летниковци и сенки од стари ореви и овошки. Дегустацијата може да биде
комбинирана со ручек исполнето со домашна храна од локалните бачила, а
подготвена во фурната во самиот двор. Ваквите посети не се од отворен тип, туку
се реализираат исклучиво за групи со претходна најава и резервација, со избор
на понудено мени.
Тимот на Кајак.мк ве советува да го одберете Барово
за вашиот следен тим-билдинг кој би бил идеален да се организира во текот на пролетниот
или летниот период кога Барово го има своето најубаво лице.
Доколку ви е потребна целосна организација на
тим-билдингот од организиран превоз, посета на „Traikovsky Wines & Spirits“ и прошетки низ
Барово, чувствувајте се слободни да ни испратите барање со поплнување на
формуларот кој ќе го најдете ОВДЕ.
ЛОКАЦИЈА