Винарија Картал

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

Винарија Картал Контакт емаил [email protected] или на телефонскиот број 070/242419.

Денеска ќе ве запознаеме со уште една фамилијарна винарска визба која постои веќе 16 години и има цели 16 берби позади неа.

По завршувањето на земјоделскиот факултет, двајцата браќа Јордан и Филип одлучуваат заедно со својот татко кој е исто така агроном да инвестираат и започнат со производство во вино. На почетокот започнале со производство на три сорти вино и тоа Рајнски ризлинг – бело вино и две црвени вина од сортите Вранец и Каберне совињон. Денеска во своето портфолио бројат 14 вина меѓу кои и барикирани вина (одлежени во дабови буриња) од сортите Вранец, Каберне Совињон, Мерлот, Каберне Франк, Темпранило, Шардоне Барел Ферментед и уште неколку други сорти на грозје.

Денеска како најзначаен придонес во приказната е внимателното избрано грозје, кое заедно со кооперантите на грозје посетуваат многу внимание и грижа за насадите.

Додека го читавте текстот, сигурно на памет ви падна дека станува збор за винарска визба во регионот на Кавадарци, но денешната визба која ја додаваме на платформата на Кајак се наоѓа на само 5 километри од центарот на Скопје кон населбата Драчево. За оние кои бараат точна локација се со цел да ги посетат истата ќе може да ја најдат на ул.1519 бр.7.

Денеска како главни менаџерти на визбата се јавуваат браќата Јордан и Филип кои воедно се главни енолози. Во склоп на винарската визба Картал има соба за дегустација со капацитет од 25 гости. Покрај домашните гости, чести посетители се и гости од странство, кои покрај убавината на Македонија, главниот град Скопје, имаат и ексклузивна можност да се запознаат и вкусат дел од нашите квалитетни суви вина спарени со соодветна храна. 

Контакт емаил [email protected]  или на телефонскиот број 070/242419.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар