Денеска, винаријата Пуклавец произведува хармонични, висококлвалитетени и луксузни вкусови вино, кои се карактеризираат како свежи и овошни вина. Нивната приказна ја испреплетуваат во 2019-та година, кога винаријата отвора свој вински подрум во Неготино.
Винаријата Пуклавец е една од водечките словенечки винарски визби, шесткратен добитник на титулата „Винар на годината во Словенија“. Нејзината приказна започнува во далечната 1934-та година кога Мартин Пуклавец започнува со производство на висококвалитетно вино кое ги задржува основните вредности на неговото семејство, како страста, напорната работа и посветеноста на највисокиот квалитет.
Денеска, винаријата Пуклавец произведува хармонични, висококлвалитетени и луксузни вкусови. Нивната приказна ја збогатуваат во 2019-та година, кога винаријата отвора свој вински подрум во регионот на Неготино.
Од винаријата велат дека одлучиле за неготинскиот крај пред се поради бројот на сончеви денови во годината, идеалната надморска височина и самата почва за која велат дека изобилува со минерали.
Винаријата Пуклавец ја промовира Македонија како винска дестинација на повеќе начини. На нивната официјална интернет страница може да се најдат многу корисни и промотивни информации за Македонија. Воедно квалитетното вино кое го произведуваат во Македонија е една од причините за привлекување на странски туристи.
Годишното производство од околу 300.000 шишиња македонско вино, овозможуваат винаријата Пуклавец да заземе значајно место на листата на винарии кои вложуваат во Македонија.
Виното кое го произведуваат во Македонија е од сортата Каберне Совињон, Мерло и локалното грозје Вранец.
Винарската визба во Македонија е на некој начин “бутик” визба, која претставува помалку од 10% од вкупното производство на семејната винарија Пуклавец, што е околу 5 милиони шишиња годишно. За винаријата секогаш е важно да се задржи допирот со развојот на индустријата и напредокот. Од винаријата додаваат дека Македонија има фантастични услови за производство на црвено вино и тоа е главниот мотив да продолжат да инвестираат овде, што е голем предизвик.
Контакт: 070 252 224
ЛОКАЦИЈА