Чорбаџиски Ан: Вратница

Каде во Тетово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Чорбаџиски Ан: Вратница Контакт: +38970895012

Вратница е село оддалечено 22 километри од градот Тетово, кон граничниот премин Јажинце. Ова село можеме да кажеме дека доста добро живее од туризмот, а со особен акцент на планинскиот и активен туризам. Но, овде се и гастрономските искуства низ кои треба да поминете.

Над самото село се извишува прекрасниотпланински врв Љуботен, кој е вистински предизвик за секој планинар. Самото село има прекрасни природни убавини, тука е Вратничката рекла која поминува низ самото село и го гради големиот кањон кој претставува еден од многубројните атракции во селото.

Овде се наоѓа и етно куќата „Чорбаџиски Ан“ која е стационирана на надморска висина од околу 720 метри. До овој угостителски објект може да пристигнете со секаков вид на моторно возило, вклучувајќи и комби возила и автобус.

Етно ресторанот постои веќе 2 години, ја пребродува пандемијата и продолжува да ја гради својата традиционална приказна која изобилува со македонска храна. Она што тимот на Кајак.мк успеа да го дознае е фактот дека во склоп на ресторанот наскоро ќе бидат достапни и апартмани за сместување.

Објектот е изграден далечната 1937 година, како стамбена куќа, кој е подоцна адаптиран за ресторан, меѓутоа е задржана основата и старата архитектура.

Препознатливи е по вкусната, домашна храна. Овде се подготвуваат домашни јадења, скара, печења во фурна на дрва, а гостите најчесто ги бараат полнетата чорбаџиска плескавица и реброто печено во фурна на дрва. Исто така сармите со зелка или лозов лист и тавче гравче се специјалитети по кои гостите го препознаваат овој угостителски објект. Во понудата може да се најдат и домашни ракии од дуња, кајсија, јаболка, како и одлична лозова мускатна ракија, домашни пити и зелници.

Домаќините кои ги отворија своите врати за светот на Кајак.мк велат дека впечатоците се скоро секогаш првенствено за архитектонското уредување, но и за вкусната храна по која гостите ги препознаваат. Не се исклчува ниту мирот и чистиот воздух кој го нуди овој крај.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар