Пчеларникот Шутиноски: Село Требеништа

Каде во Струга? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Пчеларникот Шутиноски: Село Требеништа Контакт: 070 247 850

Ако некогаш сте посакале да побегнете на некоја дестинација каде никој нема да ве најде, а притоа да уживате слушајќи ги приказните на локалните херои и уживајќи во нивната храна тогаш една од тие дестинации треба да ви биде село Требеништа.

Во ова село ќе наидете на пчеларникот Шутиноски, кој е семејна фарма за пчели позади која стои името на Билјана, Душан и нивниот син Леон Шутиноски кој уште од мали нозе покажува огромен интерес за одгледувањето пчели и производство на мед.

Душан, таткото на Леон, вели дека приказната започнала да се развива од 2013-та година, како обично хоби со само 5 пчелни семејства, а денеска е бизнис приказна која ја сочинуваат преку 50 пчелни семејства.

Тие живеат во Струга, но не им претставува никаков проблем да поаѓаат во селото за да ги извршуваат секојдневните обврски.

За селото Требеништа велат дека е на идеална надморска височина од околу 700 метри, а околината каде што се наоѓа пчеларникот е богата со дабова, костенова и борова шума, а ливадите изобилуваат со кантарија, мајчина душичка, капинки и ред други шумски плодови.

Благодарение на околината, а пред се и на заложбата во пчеларството, Шутиноски денеска имаат широка палета на производи кои ја нудат на пазарот. Овде е медот во пита, поленот, 30 отсо прополис распрскувач, прополис капки, а во процес на изработка е и првата крема за лице изработена од 100 проценти пчелин восок со додаток на мед, кантарионово масло, витамин Е и други прородни примеси. Ваквиот крем ќе служи против акни и брчки на лицето.

Душан вели дека нивната цел е бројката на пчелни семејста да достигне над 100. Среќни се што веќе имаат освоено награда и сертификат од натпреварот во Тузла, Босна и Херцеговина, златен медал на најмасовната лабораторија и сензорска анализа во светот, на кој натпревар учествувале 474 примероци на мед од 23 земји во светот.

Душан вели дека цените на производите постојано варираат, се зависи од ефикасноста на сезоната.

Контакт: 070 247 850

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар