Приватен ручек или вечера во стариот град на Охрид

Каде во Охрид Разговарај на Viber Јави се на телефон

Приказната на Славица ќе ви ја раскажеме од балконот на нејзината семејна куќа која се наоѓа во стариот град на Охрид, а која од денеска е ново гастро ќоше на кое ќе можете да уживате.

Славица вели дека е љубител на подготвување и декорирање униктна храна. Ваквиот талент и желба да создава нешто ново и поразлично го препознале нејзините роднини и пријатели кои и дале идеја да отпочне со мал бизнис преку кој ќе им овозможува на останатите гости да уживаат во вкусниот залак и во прекрасниот амбиент.

Балконот на Славица се наоѓа на 5 минути од градскиот плоштад на Охрид.

На прашањето каква храна најчесто служи, Славица ни одговори дека тоа се производи кои ги растат на охридското поднебје, а кои се комбинираат во разни домашни јадења кои се поразлични од јадењата што се слушат во рестораните. Посебно уникатно е спремањето на риба по стари, веке заборавени охридски рецепти, додава таа.

Капацитетот на гости кои може да бидат на една трпеза е до 10 лица, а групата може да остане од 2 до 3 часа, колку што и трае ручекот со презентацијата.

Резервирајте ручек или вечера на терасата на Славица. Цената по лице е 50 евра.

На располага имате 2 мениа:
МЕНИ БРОЈ 1: По резервацијата и уплатата гостите одбираат што би сакале како главно јадење и десерт

МЕНИ БРОЈ 2: По резервацијата и уплатата гостите одбираат што сакаат како главно јадење и десер:


Контакт: 076 791 157

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар