Гостилница: Кај Спиро

Каде во Кратово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Специјалитет: Кратовска Пастрмајка

Можеби дел од вас се уште не слушнале, а ниту пак ја имаат вкусено „Кратовската Пастрмајка“. Затоа тимот на Кајак.мк, за викендо кој ни престои ви предлага да го посетите Кратово и да ја посетите гостилницата „Кај Спиро“ која од денеска е дел од нашата база на Гастрономија.

Базата на Кајак.мк секојдневно се надополнува со нови предлог дестинации на кои можете да вкусите уникатни локални и домашни специјалитети познати за својот крај.

Денеска, ве запознаваме со гостилницата „Кај Спиро“ која за локалните жители е доста добро позната, пред се поради 10 годишното постоење, а исто така и поради вкусната храна која ја подготвуваат.

Она кое го прави местото уникатно е самата локација. Гостилницата се наоѓа во прекрасен дел, каде имате поглед кон градот, а исто така опколени сте со пет вековните борови кои се вистинска атракција.

За оние кои сакаат физички активности и уживање во природа, треба да знаат дека самата околина го нуди тоа. Покрај тоа што има паркинг до самиот ресторан, наоколу се наоѓаат и автентични стари скали кои ве водат низ живописната борова шума.

Што се однесува до храната, домаќините ја негуваат традицијата на кратовските специјалитети. Овде можете да пробате се од автентичната кујна на овој крај, како што се прочуените макала, сирењата, селските тви и секако прочуената кратовска пастрмајка, за кој специјалитет кратовчани се доста горди.

Контакт: +38970356934

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар