Ресторан Калдрма: Дојран

Каде во Дојран? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт за резервации: 034 227 122

Ресторан Калдрма се наоѓа на излезот од Нов Дојран од десната страна наспроти плажата Калдрма.

Гостите може да пристигнат со секаков тип на возило, бидејќи има два паркинга, еден до ресторанот, а другиот наспроти веднаш до плажата.

Ресторанот постои од 1986 година и се работи за семеен бизнис кој има долга традиција. Може да се каже дека овој локал е еден од најстарите угосителски објекти во Дојран и е познат по дојранските специјалитети кои се подготвуваат на традиционален начин. Како што се, риба на трска, крап-тава. Најважно е гостите да најават претходно доаѓање дека подготовката и процесот се подолги.

Се користи исклучиво дојранска риба. Овде се и плескавиците од икра, млечка, брускета со дојрански кавијар. Од риби овде се крап, сом, црвеноперка и костреж.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар