Пивара Бакревски

Каде во Битола?

Пивара Бакревски- Битола

Пред сѐ, мора да истакнеме дека тимот на Кајак.мк е среќен што го запозна Марјан Бакревски, кој по професија е професионален музичар, а своето хоби со производство на „крафт“ пиво го започнал заедно со неговиот брат, со кој денеска произведуваат преку 5 тона или 10.000 шишиња месечно. Она што нам не радува е фактот дека преку нашите тим-билдинг организации сега можеме да им дадеме поддршка и на овие локални момчиња кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот. Ова е уште една попатна дестинација во Битола која заслужува внимание од секој.

Марјан вели дека заедно со неговиот брат кој по професија е стоматолог, нашле заедничка пасија и интерес во правењето добро пиво. Се започнало од едно обично тенчере од 20 литра и комбинација на состојките кои ги промешале во дневната просторија. По првото тенџере, набавиле и второ, трето, па се до денеска, кога имаат мини пиварница која произведува доволно пиво за да насмее многу лица.

Марјан има студирано во разни земји, почнувајќи од САД, по што се преселува во Виена, на кои локации живее со екипа музичари кои правеле домашно вино, ракија и добра храна. Поттикнат од фактот дека секој од неговите пријатели подготвува нешто свое и уникатно, одлучува да отпочне со производство на пиво во период кога немало суровини на пазарот во Македонија.

Првото пиво го произведува пред цели шест години, а причината поради која не запира до денеска е како што вели тој: Кога еднаш ќе пробате добро пиво, веќе нема враќање назад. Овде сте во постојана потрага по подобар рецепт од претходниот. Нешто што е слично како во музиката, вели тој.

Процесот на производство на пивото е со потопување јачмен во вода, варење на водата, додавање хмељ, ладење и додавање квасец кој за еден месец ти созрева во добро пиво. Повеќе информации може да добиете доколку стапите во контакт со пиварницата и секако доколку дегустирате добри пива.

Пивото кое го произведува го носи името БАК, етикета и дело на дизајнерот Дарко Ристевски, кој изработува камелеон кој ја менува бојата во зависност од пивото. Стартувале со јачменово, IPA пиво, темно STOUT пиво и пченично.


Доколку сакате да стапите во контакт со пиварата, тоа можете да го направите преку порака на фејсбук страницата или со еден клик ОВДЕ.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар