Пчеларник: Vinbee Natural Honey

Каде во Охрид Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт: 075 524 975

Тимот на Кајак е секогаш среќен кога расажува нови приказни од локални херои кои заслужуваат внимание, почит и секако поддршка. Ако нешто сме сакале да го поттикнеме преку нашето функционирање, тоа е да ја поттикнеме локалната екомонија и да Ви докажеме дека производите кои ќе ги купите од локалните фармери, земјоделци, занаетчии се секогаш повкусни од оние кои се продаваат масовно.

Денеска имаме уште една слатка приказна, уште еден локален херој чија приказна е поврзана со одгледувањето пчели и произдство на мед. Неговото име е Винко Колоски од Охрид, а за Кајак вели дека причината поради која започнал да се занимава со пчеларството била љубовта кон природата.

Зуењето на пчелите, кроткото движење на соголените гранки, мирисот на билки и слобода и бескрајната среќа на бивање живи е она кое го води него во медениот пат и кон градењето нап приказната. Медот како производ го одбрал бидејќи нема рок на траење, а неговиот пчеларник го стационирал на 950 метри надморска височина во селото Куратица, каде природата си го прави своето.

За овој крај вели дека е специфичен поради главно ливадската флора, за разлика од други шумски предели. Далеку од индустријата и патиштата, кои се главните причини за да медот да биде здрав.

Денеска тој продава цеден мед, пита со мед и прополис, кои може да се пробаат доколку некој сака да го посети пчеларникот.

За нас Винко е на добар пат за развој на гастро туризмот во Куратица. Тој ни додава дека наскоро гостите ќе имаат можност да дегустираат и повеќе домашни локални производи, разни чаеви од кантарион, матерка, домашни сирења, домашна ракија и ред други производи.

Неговиот бренд се нарекува Vinbee. Во моментот е познат по 100% природен мед, кој низ годините ги освојува љубителите на здраата храна.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар