Ресторан: Стар Мотел

Каде во Кочани? Chat on Viber Call on Phone

Контакт за резервација: 078 260 205

За оние кои никогаш не го посетиле Кочани и браната Градче каде имаме сместување во базата на Кајак.мк, ви препорачуваме тоа да го направите во текот на летниот и есенскиот период кога имаме прекрасна зелена шума, прекрасна природа и секако можности за прошетка низ неа.

Кога сме веќе кај браната Градче, од денеска нашата база „Гастрономија“ се надополнува со уште една дестинација. Станува збор за ресторан „Стар Мотел“ кој веќе 10 години ја гради приказната со вкусна храна.

Даниел, домаќинот кој ни ги отвори вратите од ресторанот вели дека тој ја презел приказната од пред една година кога го презема под концесија ресторанот.

До локалот можете да  пристигнете со автомобили, мали комбиња, мотори и велосипеди, а секако дека можете да пристигнете и пеш од градот Кочани. Секако за оние кои се активни спортисти имаат кондиција за пешачење.

Ресторанот се наоѓа на самиот испорт на браната, нуди прекрасен поглед кон браната, а нуди и прекрасни специјалитети од крап и пастрмка, но овде е и плескавицата „Стар Мотел“.

Контакт за резервација: 078 260 205

ЛОКАЦИЈА

*The exact location will be provided after making a reservation. We share the location after reservation confirmation to avoid unbooked guests arriving and disturbing those currently staying.

Leave a Comment

View More Gastronomies