17.02.2021

Отсега ќе може да престојувате на ранч во Македонија

Отсега ќе може да престојувате на ранч во Македонија

За оние кои не се баш љубители на снежните спортови, а и не се баш фанови на планината, тимот на Кајак.мк ви дава до знање дека во Македонија, недалеку од Кичево има приватен ранч на кој ќе може да престојувате. 

Ранчот има простран двор и прекрасна природа во околината, а шмекот му го даваат коњите коишто се домаќини на местото. Со нив може да се фотографирате, уживате, да ги погалите и да научите многу за нивниот начин на живеење.

Ранот е одлично место за луѓето коишто сакаат да одморат глава од гужвата. Ранчот поседува и сопствен сместувачки капацитет, кој е доста модерен. 

Според она што го пренесуваат гостите, ова е „ранч“ во права смисла на зборот! Неверојатно место, особено ако имате деца. Сопственикот е културен кој ви прави да се чувствувате опуштено. Подготвен да ви раскаже многу приказни. Препораки има и да се дегустира албанско пиво. 

Повеќе информации и фотографии, како и телефонза резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!