14.09.2020

Зошто треба да го посетите село Радожда?

Зошто треба да го посетите село Радожда?

Радожда се наоѓа на западниот брег на Охридското Езеро, крај македонско-албанската граница. Сместено е во југозападниот дел на Општина Струга, чиј атар се доира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро. Радожда е сместено во подножјето на карпест гребен кој се спушта од планината Јабланица. Селото е рамничарско и расположено на надморска височина од 700 до 725 метри. Од градот Струга е оддалечено 11 километри во јужен правец и на два километри од границата со Албанија. Софија Јанева или позната како „Travel with Janeva“ викендот уживаше токму овде. 


Радожда е богата со културни и природни знаменитости. Селото има седум цркви од кои централна е селската црква Свети Никола која е изградена во XVIII век. Други цркви се најстарата пештерска црква Свети Арангел Михаил која е од XIV век и поновите Св.Петка, Св.Недела, Св.Среда, Св.Илија и Св.Богородица. Понова знаменитост е 22 метри високиот крст којшто се наоѓа на влезот во селото.


Друга многу важна знаменитост е зачуваниот дел на патот Вија Егнација-зимска траса. Таа минувала преку подалечните јужни предели преку Албанија и Македонија, бидејќи поблиските биле преку зима завеани и со тоа непроодни. Зачувани се околу стотина метри од поплочениот пат кој селаните го викаат калдрма. Од природните реткости најважно е самото езеро кое според староста е едно од најстарите во светот. Друга реткост е карпата која се наднесува над селото, која е висока околу 70-80 метри и долга околу 300 метри.


Во селото нема културни настани, туку помасовните настани кои се одржуваат се однесуваат на верските традиционални одбележувања на неколку празници. Тоа се фрлањето на крстот кое се обнови во 1990 година и кое се одржува на брегот на езерото кај црквата Св.Недела. Фрлачот и скокачите по крстот се наоѓаат во кајчиња на околу 50 метри од брегот. По фаќањето на крстот кој е метален и завиткан во бела риза, групата која го фатила заминува низ селото влегувајќи во сите куќи од селото каде се дарувани од населението.

Cover foto: Instagram: @janeva
Текст: Википедија


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Жени од село Умин Дол се борат да спасат кров на 100-годишна куќа

Македонски жени се борат да спасат кров на 100-годишна куќа.

Темно небо туризам: нов глобален тренд што отвора нови можности за дестинациите

Откријте го потенцијалот на Македонија за темно небо туризам – патувања до места со минимално светлосно осветлување за набљудување ѕвезди, Млечниот Пат и астрономски појави. Одржлив, искуствен и растечки туристички тренд.

Најубавите железнички патувања низ светот – авантура на пруга

Откријте ги најлегендарните железнички патувања низ светот. Од шкотските височини до Андите – доживејте незаборавна авантура со воз.

Корпоративни патувања во 2026: Шанса за Македонија како паметна бизнис дестинација

Новите трендови во корпоративните патувања ја отвораат можноста Македонија да се позиционира како вредна и автентична бизнис дестинација.

Најважните трендови во туристичката индустрија за 2026 година

Туристичката индустрија за 2026 година се менува брзо. Персонализацијата, автентичните искуства и дигиталните алатки се клучни за успешни тури, одржлив патувачки развој и незаборавни моменти за патниците.

Пролетно патување во Македонија – директни летови и персонализирани тури

Откријте ја Македонија оваа пролет. Лесно пристапна со директни летови од Европа, со kajak.mk можете да резервирате персонализирани тури, сместување, ресторани и автентични искуства за незаборавно патување.