02.02.2026
Жени од село Умин Дол се борат да спасат кров на 100-годишна куќа
Жени од село Умин Дол се борат да спасат кров на 100-годишна куќа
Во време кога многу села во Македонија тивко исчезнуваат, има луѓе што одбиваат да се откажат. Луѓе што веруваат дека минатото вреди да се зачува, а иднината – да се изгради.
Ова е приказната за Роза и жените од селото Умин Дол – локални хероини кои со срце и истрајност се борат да спасат еден век стар објект, симбол на историјата и заедништвото.
| И вие можете да помогнете со мала донација на линкот: https://whydonate.com/fundraising/we-need-your-support-for-a-new-roof |
Тимот на Кајак.мк денес не ви раскажува обична приказна. Ова
е повик. Повик до сите нас што ја сакаме Македонија.
Станува збор за објект со голема историска вредност, проектиран од рускиот емигрант Владимир Антонов, кој по Првата светска војна работел во Општина Куманово. Денес, сто години подоцна, таа куќа се распаѓа – не затоа што не е важна, туку затоа што ѝ е потребна итна помош.

Кровот прокиснува. Секој дожд носи нови оштетувања. Ако не
се реагира сега – објектот може засекогаш да се изгуби.
„Сакаме ова место повторно да живее“, велат од Здружението
„Ума Сто“.
„Да стане центар за културни и едукативни активности – работилници, детски
екскурзии, излети, настани што ќе донесат живот, луѓе и надеж во селото. Но без
нов кров – ништо од тоа не е можно.“
Веќе три години, група млади ентузијасти од здружението „Ума
Сто“ неуморно работат на развојот на селата Умин Дол и Ново Село. Организираат
панаѓури, сезонски настани и собирања што ги враќаат насмевките кај мештаните.
Од оваа пролет, нивната љубов кон селото привлече и странски туристи –
холандски гости кои редовно доаѓаат да ја почувствуваат автентичната македонска
рурална убавина.
Селото повторно дише. Но за да продолжи – потребна сме сите ние.

Донаторската кампања е во тек.
Секоја донација – мала или голема – значи чекор поблиску до спас на овој објект
и иднина за селото.
Донирај тука:
https://whydonate.com/fundraising/we-need-your-support-for-a-new-roof
Ако не можеш да донираш пари, можеш да помогнеш со градежен
материјал или со споделување на оваа приказна.
Понекогаш, токму малите гестови прават голема разлика.
Ова не е само кров.
Ова е борба за историјата, за селата, за Македонија.
Да покажеме дека сè уште знаеме да се држиме едни до други.
И вие можете да помогнете со мала донација на линкот:
https://whydonate.com/fundraising/we-need-your-support-for-a-new-roof
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!