29.10.2020

Лабунишките езера: Предизвик за сите авантуристи

Лабунишките езера: Предизвик за сите авантуристи

Покрај фактот дека доаѓаат студени месеци, нашиот тим ви дели интересни совети за оние кои се сепак авантуристи во душата. Нашите совети како што и самите знаете се секогаш поткрепени со информацијата дека планината не треба да газете сами, барајте планинарски водичи кои ќе ве водат низ неа. Меѓу другото, понесете кеси за отпадоци.

Денеска ве запознаваме со Амер Демиши, чии фотографии се негови ремек дела, а чии совети за авантуристичко кајакарство во месец ноември на Лубанишко езеро (доколку грее сонцето) се наша инспирација од него.

Многумина кои ја посетиле планината Јабланица, се воодушевени од убавината на оваа планина. Некои ја сметаат за наша најубава планина. Планината е фасцинантна во секое годишно време: разликата е само во колоритот, боите и доживувањето.

Можете да појдете со добро опремено возило, а можете и да се одлучите за пешачење, но имајте предвид дека дневната светлина ни се намалува.

На планината се наоѓаат четири леднички езера и тоа Вевчанско односно Вевчанска локва, Подгоречко и Горно и Долно Лабунишко езеро.

На Лабунишките езера можете да кајакувате, во зависност од кое говишно време ќе го посетите, а можете и да кампувате. Нашите предлози не ги правете сами, доколку немате никакво искуство со планината, секогаш изнајмувајте со вас планински водич, а воедно контактирајте ги и планинарските друштва кои организираат искачување на врвовите и тури низ целата земја.

Ноември е месец кога започнува да паѓа снегот на повисоките места, затоа внимавајте и на временската прогноза доколку се одлучите да ги посетите езерата.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Започнуваме со реализација на најдобрите тури со коњи во битолскиот крај

Тури со коњи во регионот на Битола. Ранч во село Кравари. Јавање на коњи на Пелистер. Ранчот во моментот располага со 5 питоми и обучени коњи кои може да ги јават почетници и искусни јавачи.

Промовираме туризам во Македонија преку музика во природа!

Органичените патувања од пандемијата го поттикна македонското акустичното дуо „ChillOut“ да ја промовира убавината на Македонија преку музика.

Јануарски тим билдинг со уште една снежна АТВ авантура

Среќни сме што тим-билдинг настаните не се реализираат само на пролет, лето и есен, туку веќе имаме доста тим-билдинг патувања кои ги реализираме и во најстудентие месеци како декември, јануари, а веќе имаме и патувања за февруари.

Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија

Доаѓа период на виното и хармонија. Предлог на Кајак.мк за викенд патување

Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед

NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.

Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој

Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.