28.07.2020

Зошто преку лето се препорачува Вевчани?

Зошто преку лето се препорачува Вевчани?

Кога ќе сакате да побегнете од градската бучава и да се одморите од сè, топло ви препорачуваме да го посетите Вевчани. На патот кон Струга. Пред се ќе подзастанеме на плажа во Струга. Оти барем така ќе се озвежиме во текот на денот, а попладневните часови ќе ги искористиме за една свежа прошетка во Вевчани.



САКАТЕ ЕДНОДНЕВНА ТУРА ВО ВЕВАЧНИ? ТОГАШ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!



Во Вевчани речиси сѐ е во знакот на водата. Во селото има толку многу вода што на момент ќе ве натера да помислите дека сте се нашле во некоја рурална Венеција. Вевчани изобилува со градски шмек и шарм. Денес претставува симбол на независност и протест за одлуките што не соодветстуваат со локалниот интерес на сите здружени сожители. И до ден-денс се прогласуваат себеси за држава во држава.


Кога ќе го посетите Вевчани, мора да поминете и покрај извориштето, познато како Вевчански Извори, кое претставува споменик на природата. Главниот извор е сместен во отвор на пештера. А подолу се наоѓаат неколку постојани извори, кои подземно се спојуваат со главниот.

Во пределот кај изворите направена е посебна пешачка патека, можете да најдете и дрвени клупи и масички. Уживајте во зеленилото и звукот на водата.


По прошетката на изворите, релативно гладни, ние решивме да го посетиме најдобриот ресторан во селото „Кутмичевица“. Што и да пробате немате да погрешите. Ние имаме мени составено од: Вевчанска свежа салата, Кашаник (домашна пита), Комат (домашна пита со сирење), Золеник (домашна пита со пченкарно брашно и праз), Домашно бело овчо сирење, Селска манџа со праз, Вевчанска тава со зеленчук, Вевчански гулаш, Домашен луканец, Домашно лепче и Крем кадаиф.


Нашата еднодневна тура за Струга и Вевчани можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Прекрасни бунгалови опколени со многу зеленило на Охридско езеро

Комплексот се состои од четири модерно опремени објекти кои вклучуваат четири студиа и еден фамилијарен апартман со две спални соби.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Засадивме нови дрвца преку еко тим билдинг, а дадовме поддршка и на локалните занаетчии

Она што нам ни преставува од особена важност е фактот дека покрај акциите за пошумување кои ги организираме низ одредени општини во Македонија, истиот ден го искористуваме за промоција и поддршка на локалните занаетчии кои творат на тоа поднебје.

Во Македонија постои Плевна која ги нагостува сите со домашна локална храна

Етно домаќинството „Плевна“, водено од семејството Мицкоски, не е само место каде што може да се одморите од секојдневните обврски, туку е простор каде што секој посетител станува дел од заедницата и животот на село.

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Автентична филозофија со љубов кон гроздот и виното. Сместена во најпознатиот вински регион, оваа мала семејна винарија ги преточува производите од лозјето во вина на кои никој не би останал рамнодушен.

Вила за одмор во срцето на Трпејца

Секој апартман има тераса која нуди завидлив поглед на езерото. Апартманите располагаат со свое купатило, опремена кујна и модерни удобности како што се Wi-Fi и кабловска телевизија, обезбедувајќи ви сè што ви е потребното за безгрижен престој.