22.04.2024

Засадивме нови дрвца преку еко тим билдинг, а дадовме поддршка и на локалните занаетчии

Засадивме нови дрвца преку еко тим билдинг, а дадовме поддршка и на локалните занаетчии

Тимот на Кајак.мк е среќен што беше организатор на уште еден прекрасен еко тим билдинг во Неготино, на кој компанијата „Singular“ донираше и засади нови дрвца во прекрасно паркче во Неготино, за кој сме сигурни дека му ќе биде за почит од локалното население.


20-ти април беше единствениот датум кога надвор имавме доста сонце, пријатна температура за уживање на отворено и супер расположение помеѓу вработените на компанијата „Singular“, за која како што велиме мудро ги користи сите знаења и информации на Кајак.мк се со цел да и даде поддршка на локалната економија.


Она што нам ни преставува од особена важност е фактот дека покрај акциите за пошумување кои ги организираме низ одредени општини во Македонија, истиот ден го искористуваме за промоција и поддршка на локалните занаетчии кои творат на тоа поднебје.


Што значи дека по акцијата за пошумување, денот го искористиме за посета на локалните грнчари во Неготино, кои семејната традицијата на преработка на глина во уникатни предмети ја негуваат цели 200 години.


Овде имавме можност да се запознаеме со нивната семејна приказна, да дознаеме за почетоците, да слушнеме за процесот на изработка, а најважно од се е да погледнеме како се изработува еден предмет, како се гравира и пече. Многумина искусија како е да се изработи еден предмет, а на крај на посетата сите си заминавме со поклончиња.


Во нашата агенда беше и посетата на „Музејот на Олд-Тајмери“ чија приказна допрва ќе се слуша. Димитар кој ни ги отвори вратите на музејот ни ја раскажа приказната која нивниот татко почнал да ја пишува, а која денеска ја продолжуваат тој и неговиот брат.


Денот ни заврши на една прекрасна локација, каде гастрономијата и природата се вклопуваат, каде можете да уживате по цели денови, а притоа да не треба ништо дополнително да правите. Тимот на Кајак.мк се фокусира преку ваквите еднодневни тим билдинг настани да ја вклучи локалната гастрономија, локалното вино, а сите чинители кои се вклучени во агендата да имаат финансиски бенефити од настанот.


Затоа, од срце и благодариме на компанијата „Singular“, кои ја препознаваат целта на нашето постоење и соработуваат со нас, а секоја соработка, носи голем бенефит за локалната економија, природата и сите локални херои кои се вложуваат во создавањето на мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.

Повеќе фотографии од целодневниот настан можете да погледнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?