02.03.2021

Резервирајте шармантна традиционална македонска куќа со поглед кон Радика

Резервирајте шармантна традиционална македонска куќа со поглед кон Радика

Во селото Јанче, со векови наназад, традиционалните македонски куќи се реновираат од страна на локалното население, користејќи локални камења, дрва и еспертиза од локалните стари чувари на тајната за шармот на куќата. Кајак.мк ви го препорачува ова село кое е идеално за посета на пролет и лето. Не заборавајте да си понесете хариена вреќа за отпадоци доколку се одлучите да пешачете низ шумата. 

Во Јанче се наоѓа „Radika View House“ која од денеска е дел од нашата база. Ова куќа е доста уникатен сместувачки капацитет кој на GOOGLE REVIEW е оценето со 4.8 оценка. 


Во текот на пролетниот и летниот период гостите може да ја користат градината за медитација или за скара.

Без разлика кој период од годината ќе се одлучите да ја посетите ова куќа, јужниот поглед од терасата кон долината на река Радика е феноменален во секоја сезона.


Региоонот нуди повеќе автентични туристички атракции. Близу јанче се наоѓаат и водопадот Дуф, манастирот Свети Јован Бигорски, мостот Елен скок на Тресонечката река и глацијалното езеро Локув. Секоја година во селото се одржува фестивал на питата, каде што се собираат вештите кулинари од сите околни села во реканскиот крај и се натпреваруваат кој ќе ја подготви највкусната пита.


Наш совет е да го вкусите чајот од планинските билки и да го вкусите мавровското сирење од непастеризирано млеко. И, секако, да се опуштите под прекрасното ѕвездено небо.

Повеќе информации за вилата, телефонски број за контакт и фотографии, можете да најдете со еден клик ОВДЕ.



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Отсега можете да престојувате во ловечка куќа во Берово

Покрај комфорното сместување, околината на Ловечката Куќа "Фути" нуди бројни активности. Шумата покрај која се протега патека за трчање или пешачење, како и близината на реката Брегалница, се вистинска покана за секој авантурист.

Прекрасни бунгалови опколени со многу зеленило на Охридско езеро

Комплексот се состои од четири модерно опремени објекти кои вклучуваат четири студиа и еден фамилијарен апартман со две спални соби.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Засадивме нови дрвца преку еко тим билдинг, а дадовме поддршка и на локалните занаетчии

Она што нам ни преставува од особена важност е фактот дека покрај акциите за пошумување кои ги организираме низ одредени општини во Македонија, истиот ден го искористуваме за промоција и поддршка на локалните занаетчии кои творат на тоа поднебје.

Во Македонија постои Плевна која ги нагостува сите со домашна локална храна

Етно домаќинството „Плевна“, водено од семејството Мицкоски, не е само место каде што може да се одморите од секојдневните обврски, туку е простор каде што секој посетител станува дел од заедницата и животот на село.

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Автентична филозофија со љубов кон гроздот и виното. Сместена во најпознатиот вински регион, оваа мала семејна винарија ги преточува производите од лозјето во вина на кои никој не би останал рамнодушен.