01.04.2025
Во Македонија постои една уникатна вила скриена во село Ореовец
Во Македонија постои една уникатна вила скриена во село Ореовец
Дали можеби сте слушнале за село Ореовец? Претпоставуваме дека повеќето од вас кои во моментов го читате текстот, за првпат се запознавате со ова селце. Токму тоа е и нашата мисија- Да ве запознаеме со сите уникатни дестинации во Македонија!
Тимот на Кајак.мк, денеска ве води во прилепскиот регион, каде на 20 минути возење од градот, вие веќе пристигнувате во селото Ореовец.
| Вилата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Фото: 360stepeni.mk
Сместено на 800 метри надморска височина, во пазувите на планините во близина на познатиот Плетвар, ова рурално село има своја уникатна природа, мир и тишина, а со тоа нуди совршена можност за бегство од урбаниот метеж и стрес. Опкружено со густи шуми и чист воздух, Ореовец е идеално место за авантуристи, семејства со мали деца и љубители на природата кои сакаат да поминат квалитетно време во прегратките на недопрената природа.

Во самото село од денеска можете да резервирате уникатна вила со квалитетен ентериер, која ќе ве овозможи бегство од градскиот метежот.
Со три пространи соби, две купатила, целосно опремена кујна и голем двор со огниште и базен, ова сместување е создадено за секаков тип на гости. Централното греење и клима уредите ја прават вилата идеална за престој во сите годишни времиња, додека патеките низ шумите и блиските атракции прават ова место да биде вистински магнет за туристите кои сакаат да уживаат во автентично македонско искуство.

Покрај удобноста на вилата, посетителите на Ореовец ќе имаат можност да го истражат и посетат црквата Св. Димитрија која е изградена во 1874 година и претставува сведоштво за долгата и богата историја на селото. Пештерите кои ги опкружуваат ридовите, особено познатата Ореовечка Пештера,а недалеку е и Манастирот Трескавец.
Доколку сакате повеќе информации за вилата, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!