22.10.2026

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Напомена: Фотографиите во промотивниот текст се селектирани со цел целосно да ја заштитат приватноста на учесниците на тим-билдинг патувањето.

Тимот на Кајак.мк е среќен што реализираше уште еден успешен тим билдинг за компанијата Proton. Овојпат не во Македонија или Грција, туку во Словачка! Дестинација која многумина не ја перципираат како особено атрактивна, сè додека не стапнат на нејзина територија. А тогаш сфаќаат дека Братислава и Словачка имаат многу повеќе да понудат отколку што очекувале.


Речиси 130 учесници, две авиокомпании, една дестинација и безброј спомени!

Прекрасен хотел со сопствена плажа на словачко езеро, затоплен аквацентар со базени, спортски терени, простори за забава и вкусна храна. Три ноќевања исполнети со дружење, тимски дух и нови доживувања. Од прошетки низ магичната Братислава, уживање покрај езерото Сенец, па сè до бонус авантура во Виена!


И додека за многумина Словачка е само уште една точка на европската мапа, за нас таа беше совршена можност да покажеме дека добриот тим билдинг не зависи само од дестинацијата, туку од искуството што ќе го понесете дома.


А кога на едно место ќе соберете речиси 130 колеги, различни карактери, многу позитивна енергија и желба за забава, тогаш знаете дека ве очекува нешто што долго ќе се прераскажува.


За прекрасните спомени од забавните активности, сепак, ќе им оставиме на вработените во Proton самите да раскажуваат. Некои приказни се најубави кога доаѓаат од оние што ги доживеале!


Наше е само да им кажеме едно огромно БЛАГОДАРИМЕ на довербата, позитивната енергија и можноста повторно да бидеме дел од нивната тимска приказна.

За тимот на Кајак.мк, овој настан претставува уште една потврда дека македонска туристичка платформа може успешно да организира и реализира корпоративни настани надвор од границите на Македонија, поврзувајќи луѓе, дестинации и искуства.


А за компаниите што сè уште размислуваат дали Словачка е добра дестинација за следниот тим билдинг, имаме само еден совет: погледнете ги фотографиите низ текстот.

Можеби токму Словачка ќе биде вашето следно големо тимско изненадување!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!