11.09.2025
Нешто ново во Македонија: Во Вратница се отвори нова вила за престој
Нешто ново во Македонија: Во Вратница се отвори нова вила за престој
Кајак.мк секогаш прв ве води на нови дестинации во Македонија, а овојпат ви ја претставува нова вила во село Вратница– прекрасно катче сместено во падините на Шар Планина. Со современо уредени апартмани, ресторан со вкусна храна и пријатна атмосфера, секој гостин се чувствува добредојден. Тука ќе го најдете вистинскиот баланс меѓу релаксација и активен престој.

This illustration was made by Rašo
Доколку сакате да погледнете повеќе информации за вилата кликнете ОВДЕ.
Село Вратница е мало, но полно со автентичност и топлина, каде времето тече побавно и полесно. Населеноста е скромна, а мештаните се познати по нивната гостопримливост и традиција. Ова место е богато со културни и духовни локалитети, како манастирот Св. Цар Константин и Елена и црквата Св. Петка. Вратница е почетна точка за бројни авантури и совршено место за сите што бараат мир и чист воздух.

Подножјето на Шар Планина каде што се наоѓа Вратница е
вистински рај за љубителите на природата. Високите планински врвови, свежината
на воздухот и зелените предели ќе ви овозможат незаборавно искуство. Тука се
наоѓа и познатото Вратничко езеро, како и Беловишките водопади кои оставаат без
здив. Целиот регион претставува природна воздушна бања, идеална за полнење со
енергија.
Врвот Љуботен е гордоста на овој предел и предизвик за сите
планинари. Од таму се отвораат спектакуларни погледи на целата Шар Планина, што
го прави искуството единствено. Околината нуди бројни можности за активен
туризам – велосипедизам, планинарење и прошетки по чисти патеки.
Доколку сакате да погледнете повеќе информации за вилата
кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.