22.04.2026

На Кожуф има ресторан за кој сите зборуваат – еве зошто

На Кожуф има ресторан за кој сите зборуваат – еве зошто

Тимот на Kajak.mk секогаш ви ги претставува најдобрите места кои дефинитивно мора да ги посетите во текот на оваа сезона, а годинава – без никаква дилема – мора да го посетите ресторанот Иц-Иц.

Сместен на прекрасната Кожуф планина, на околу 30 минути од Гевгелија, во туристичката викенд населба Смрдлива Вода – или како што ние би ја нарекле „Здрава Вода“ – овој ресторан нуди искуство што не се опишува, туку се доживува.

Покрај течењето на реката Сливка се наоѓа ресторанот „Иц-Иц“, место каде природата и гастрономијата се спојуваат во едно совршено доживување.

Зошто оваа туристичка населба ние би ја нарекле „Здрава Вода“? Бидејќи токму овде извира една од најздравите минерални води во Македонија, која локалните жители ја нарекуваат „Смрдлива Вода“, поради сулфурни соединенија (како водород сулфид).

Тоа е истиот оној мирис што многумина го опишуваат како „расипани јајца“, но всушност е знак дека водата е богата со минерали и има лековити својства. И без галје, таа тече од еден извор кој е прилагоден како туристичка куќарка, додека надвор од неа, мириса на шума богата со кислород. 


Затоа мораме да кажеме дека, Смрдлива Вода е место кое буквално ве лекува со водата, кислородот и густата шума.

Ресторанот Иц-Иц моментално работи само за викенди, но нашиот совет е да се јавите на  071 655 001 – можеби ќе имате среќа и ќе ве пречекаат и во текот на неделата.

Она што го прави Иц-Иц навистина посебен е неговата локација. Во самото дворче тече чиста, бистра планинска река. Звукот на водата, ладовината од густата шума и свежиот воздух – тоа е комбинација што ќе ви ги наполни батериите подобро од било кој спа центар.


А храната? Токму онаа поради која ќе сакате да се вратите повторно и повторно. Во Иц-Иц се служат традиционални македонски специјалитети подготвени на автентичен начин – сочни меса на скара, јагнешко под сач, свежа пастрмка, домашни сирења, кајмак и топол, штотуку испечен леб. Секој залак е комбинација од планинска свежина и домашен вкус кој ве враќа во детството.

Велат дека една секунда помината на „Смрдлива Вода“ ви го продолжува животот за 10 нови секунди. И кога ќе дојдете тука – ќе разберете зошто. Бидејќи овде не само водата, туку и воздухот лечи. Густата, бујна шума е вистинска кислородна бомба – без индустрија, без бучава, без загадување.

Вака изгледат изворите на „Смрдлива Вода“ или по нашки „Здрава Вода“: Минералната вода по која локалитетот го добил името е позната по нејзината лековитост за заболувања на стомачниот тракт, желудник и бубрези.


Фото: M.pvsk — сопствено дело

До „Смрдлива Вода“, односно по нашки „Здрава Вода“, се стигнува лесно. Патот е целосно асфалтиран – доволно е да пристигнете во Гевгелија и по само 30 минути возење веќе сте во сосема друг свет: планина, тишина и ресторан кој ќе ве освои на прв поглед.

Ова не е само место за ручек. Ова е место каде се бега од реалноста. Место каде се дише со полни гради. Место каде се враќате повторно.

Повеќе фотографии од ресторанот можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Зоран Дандушевски

    26.04.2026 22:30

    најблизу за ноќевање ???

  • Petrov trajce

    24.04.2026 21:32

    Go citav gore apisanoto, Sakam da prasam dali ima mentor za daycare prestoj za nekolku Dena? Pozdrav od Stiip 070512539

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.