19.01.2026
Младите Никола и Даниела успешно ја промовираат македонската кујна ширум Англија
Младите Никола и Даниела успешно ја промовираат македонската кујна ширум Англија
Пред да продолжите со читање на приказната, би сакале да ве информираме дека ова приказна е достапна на 19 јазици, и дека можете да ја споделите на фејсбук на јазикот на земјата во која престојувате. Приказната е достапна на Macedonia Abroad, а можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ. |
Нивната мисија започнува во 2023 година, кога решаваат да ја
претстават автентичната, но модерно подготвена македонска храна на британската
публика. Од самиот почеток, одзивот на луѓето бил повеќе од позитивен, што им
дало дополнителна мотивација да направат голем чекор напред – отворање на
нивната прва продавница во градот Престон. Тоа не е само деловен успех, туку и
признание за квалитетот, трудот и искрената емоција вложена во секој нивни
производ.
Никола и Даниела работат како семеен тим, со силна почит кон традицијата. Нивната кујна се темели на оригинални семејни рецепти, пренесувани од бабите, но и збогатени со нови, храбри вкусови. Сè што подготвуваат е без конзерванси, адитиви и вештачки бои – само природни состојки, направени во мали серии, со многу љубов и посветеност. Токму затоа нивните производи не се наоѓаат во супермаркети, туку на фармерски и занаетчиски пазари, каде што директно комуницираат со луѓето.

Често можат да се сретнат на Lancaster Charter Market, како и на други пазари низ Англија, каде македонските јадења будат љубопитност и воодушевување кај посетителите. Покрај продажбата, тие нудат и кетеринг за компании, настани, родендени и разни прослави, со што македонската кујна станува дел од секојдневието на многу семејства и заедници во Англија.

Посебно место во нивната приказна има традиционалната погача – симбол на заедништво и празник во македонската култура. Погачата „Слоново уво“, мека, слоевита и богата по вкус, е една од нивните омилени. Таа се подготвува за Божиќ, слава, именден и други свечени пригоди, а во Dany’s Kitchen се прави според автентична техника што ја прави навистина посебна. Преку ваквите рецепти, Никола и Даниела не нудат само храна, туку и приказна, традиција и чувство на дом.

Покрај тоа, тие гордо ги претставуваат и националните македонски јадења како тавче-гравче и селско месо, приготвени со внимание и почит кон оригиналниот вкус. Со секое појавување на пазар или настан, тие докажуваат дека македонската кујна има што да понуди и дека може рамноправно да стои рамо до рамо со светските гастрономии.

Приказната на Никола и Даниела е инспирација за младите – доказ дека со труд, визија и љубов кон сопственото потекло може да се постигне успех и надвор од татковината. Тие не само што ја промовираат македонската кујна ширум Англија, туку и ја носат Македонија во срцата на луѓето, преку секој залак подготвен со душа.

Приказните на Кајак.мк отсега се достапни на 19 јазици, бидејќи Македонија не завршува на своите физички граници, туку онаму кадешто има македонци. Затоа споделете ја приказната на англиски, германски, француски, италијански, руски, турски, шпански, романски, унгарски, чешки, шведски, норвешки, холандски, португалски, кинески, српски, словачки, македонски или полски. Доволно е да кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.