20.03.2020

Баварија воведува уште поригорозни мерки- казни и до 25 000 евра

Баварија воведува уште поригорозни мерки- казни и до 25 000 евра

Баварија е првата германска сојузна покраина, што воведе дополнителни мерки за ограничување на движењето на граѓаните, а сојузните држави Бремен, Хесе, Рајнланд-Палатин и Саксонија утре ќе ги затворат сите ресторани и кафулиња, пишува Канал5.


„За жал, групи луѓе сè уште можат да бидат видени во јавноста или на таканаречените корона- забави. Повеќе не можеме да го толерираме тоа“, изјави премиерот на Баварија, Маркус Соудер, објавувајќи дека Баварија ги воведува мерките за ограничување од полноќ. Тој рече дека сега треба да се обидат да се спречи ненадејно зголемување на бројот на заразени.

Започнувајќи од полноќ во Баварија, забрането е да се напуштат становите без оправдана причина, како на пример одење во набавки, на доктор, во аптека, на работа или на средба со партнер.

Дозволени се спортови на отворено, но само за лица кои живеат во исто домаќинство.

Соудер одби да ги нарече овие нови мерки карантин, бидејќи, како што рече, не станувало збор за целосна забрана за напуштање на домовите , како што беше случајот во Кина.

Според Соудер, полицијата ригорозно ќе го контролира спроведувањето на овие правила, а за неисполнување ќе бидат изречени казни до 25.000 евра.

Извор: https://kanal5.com.mk/bavarija-voveduva-ushte-porigorozni-merki-kazni-i-do-25-000-evra/a414117


  1. ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК МОРА ДА ГИ ЗНАЕ, А СЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈ 
    ОВДЕ!

  2. СИТЕ ОСТАНТИ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО, ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ!

  3. КАРАНТИН И ЗАБРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ: ЛИСТА ОД 38 ЗЕМЈИ КОИ ИМААТ ОГРАНИЧУВАЊЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОВДЕ!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!