12.07.2021

На Тоскова Ливада има вила изолирана од сè

На Тоскова Ливада има вила изолирана од сè

Почнаа жешките денови, ама тоа не е страшно ако имате идеја за каде да побегнете. За ова недела се најавуваат температури и до 40-тиот степен, а тоа создава особена главоболка на луѓето кои работат претежно на отворено или пак оние кои поминуваат дел од денот на отворено.

За оние кои имаат слободни денови и бараат начин како да и побегнат на жештината, нашиот тим ве запознава со уште една вила која се наоѓа во непосредна близина на реката Брегалница.


Запознајте се со вилата „Тоскова Колиба“ која се наоѓа на одлична локација на само 4 километри од Беровското Езеро и 3 километри од центарот на Берово. Во непосредна близина на куќата се наоѓаат црквите Св. Богородица и Св. Димитриј.


Вилата располага со, 4 соби опремени со ТВ, 2 купатила, голема летна кујна, кабловска и интернет.Обезбеден е и паркинг простор. Гответе во пар или во поголема група на пријатели.

Вилата има простран зелен двор во кој можете да вежбате, спортувате и рекреирате. Медитирање? Секако!


Тимот на Кајак.мк ви ја препорачува вилата за уживање во природа и гастрономско искуство. Посете локални ресторани и поддржете ја локалната економија. 

Доколку сакате повеќе фотографии, информации и контакт, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.