07.07.2020
НАСЛОВ: Ерол Демири: Нашиот ресторан Дубровник ги има најдобрите протоколи за заштита на клиентите
НАСЛОВ: Ерол Демири: Нашиот ресторан Дубровник ги има најдобрите протоколи за заштита на клиентите
Денеска патот
не одведе во Тетово. Градот на младите, кој верувајте дека е активен во текот
на цел ден. Младите знаат како да го уживаат својот ден во локалните кафулиња и
ресторани, а угостителите знаат како да им ја пружат вистинската услуга и
квалитет. Кога е во прашање квалитетот, ние се решивме да го посетиме
ресторанот „Дубровник“ за кој постојано сме од нивната официјална фејсбук фан
страница каде секојдневно споделуваат нови специјалитети. Самиот надворешен
изглед на ресторанот говори дека со него раководи лице кое дефинитвно е заљубен
во угостителството, а внатрешниот абмиент е од една страна луксузен, а од друга
страна доволно стилски за да ве опушти исто како во домашна атмосфера.
Ние разговаравме со господинот Ерол Демири, чие име стои позади овој бренд. Ерол подолго време е главниот креатор на успешната приказна наречена „Дубровник“.

Кајак:
Господине Демири, да тргнеме од вашите почетоци? Од каде
идејата за ваков ресторан?
Демири:
Морам да кажам дека се работи за долга семејна приказна.
Доколку се навратиме низ годините наназад ќе наидеме на огромен преплет на
традицијата и културата која ја создавала мојата фамилија. Покрај Тетово,
нашите вкусови се дегустираа и низ многу балкански градови како Приштина, Белград, Параќин, Сараево и други. Тетово заслужуваше ресторан како нашиот. Со европски стандарди,
квалитетна услуга и вкусна храна, а пристапни цени. Сакавме да создадеме место
кое нема да биде само обичен ресторан, туку напротив ќе биде место кое ќе стане
секојдневие и дом за сите кои сакаат добро дефиниран начин на живеење.

Кајак:
Бидејќи вашите врати беа повторно отворени по паузата од
коронавирусот, сакаме да знаеме дали нашите патници/читатели би можеле да се чуствуваат
сигурно кај вас?
Демири:
Нашите стандарди се секогаш на високо нив. Клиентите се
секогаш пред се. Не само за време на
пандемијата со „Ковид-19“, туку и претходно. Приватноста и безбедноста на
нашите гости, биле и ќе бидат засекогаш наш приоритет. Да не зборуваме за
здравата храна и квалитетниот начин на подготовка од врвни готвачи. Нашиот
угостителски персонал пак, доби обука и следејќи ги протоколите и препораките
од надежните ќе постапува како што ќе биде наложено. Кај нас сите се чуствуваат
како дома. Тие што се наши клиенти може тоа да ви го потврдат, а тие кои ќе го
прочитат интервјуто, ги поканувам да го искусат тоа.

Кајак:
Што би додале за крај?
Демири:
Сакаме да ги поканеме сите да го посетат нашиот рестора „Дубровник“. Како што
гласи нашето мото, ние сме место каде храната се среќава со елеганцијата. Затоа
сакаме да им овозможиме на нашите нови гости да искусат нешто несекојдневно.
Сакаме да ги поканеме да ги искусат нашите специјалитети. Сакаме да им докажеме
дека квалитетот на храна е секогаш во преден план.

Доколку сакате повеќе информации можете да ги контактирате на: 070 336 330
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!