11.07.2023
Ја отворивме првата семејна винарија во село Арвати
Ја отворивме првата семејна винарија во село Арвати
Винските приказни кои секојдневно се раскажуваат на Кајак.мк не се сконцентрирани исклучиво на Тиквешкиот регион. Патувачите кои постојано ги следат нашите предлози за викенд дестинации со сигурност ќе потврдат дека мали семејни винарии се отвораат насекаде ширум државата.
Ние овој факт ви го потврдуваме со приказната за новата семејна винарија Алесто која ја збогатува гастрономската мапа на преспанскиот регион.
Денеска ве водиме во село Арвати, во домот на Александар кој е најмладиот сопственик на првата преспанска семејна винарија „Алесто“. Ова винарија произведува 5 вида на вино и е вистински мотив за младите генерации кои размислуваат дали да отпочнат свој бизнис во родниот крај.
Но, пред да ви раскажеме за винаријата, да се навратиме со неколку информации за самото селце, бидејќи свесни сме дека многумина од вас едвај чекаат да го посетат селото Арвати и самата винарија.

Селото Арвати е сместено на околу 3 километри источно од „Големото Преспанско Езеро“, во длабока живописна пазува на планината Баба (за многумина позната како Пелистер), во средишниот дел и од двете страни на реката Шара. Со прекрасен поглед кон езерската ширина и на надморска височина од околу 1000 метри, ова селце е идеално за одмор и релаксација. Селото има богата историја, затоа секој кој ќе се одлучи да го посети со сигурност ќе сака да се врати повторно.

Винаријата Алесто го добива својот печат во 2022-ра година, но свое официјално отварање има на 12-јули 2023-та година, кога воедно секој љубител и истражувач на нови голтки ќе може да дојде, да дегустира и да се запознае со вината кои ги произведува винаријата.

Името на винаријата Алесто го добива како комбинација од имињата на браќата кои стојат позади неа, Александар и Стојанче, кои велат дека на гостите со сигурност ќе им се допадне целокупната атмосфера бидејќи самата локација изобилува со прекрасни пејсажни глетки, зајдисонца, а планинскиот воздух ги полни градите со чистота.

Лозовите насади на винаријата се наоѓаат на две микро локалции на 900 метри надморска височина со застапени сорти како Станушина, Прокупец, Темканика, Вранец и Смедеревка кои се преточени во етикетите кои чуваат историја и мистерија, вели Александар.

Вратите на винаријата Алесто се отворени за секој кој сака
да ужива во приказната и секој кој сака да го истражува село Арвати. Група до 20
лица удобно би можела да се смести во винаријата и да ужива во дегустацијата.
Затоа не размислувајте, на вакви деца во Македонија им е потребна вашата
поддршка.
Точната локација како и контакт за резервација можете да
најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.
Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?
Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

