05.07.2022
Престојувајте во ранч на планината Герман
Престојувајте во ранч на планината Герман
Секој од нас има
моменти кога сака да побегне на планина, да разговара со локалците кои живеат
таму, да јаде домашна храна, да ужива во чистиот воздух и во прекрасниот
поглед.
Никогаш не дозволувајте да правите споредба помеѓу морето и планината, бидејќи тоа се сосема две различни страни кои имаат поинакви бенефити.

Денеска ќе ве запознаеме со домаќините од село Станча, прекрасно планинско селце на планината Герман кои ги отворија своите врати за патувачите на Кајак, а во кој дом ќе добиете прекрасно искуство од храна, прошетка во планина, истражување на патеките на дивите животни, хранење на домашни животни и најважно од се е добриот муабет кој можете да го направите со домаќините.
Ранчот има две модерно
реновирани соби во кои можете да престојувате. Едната соба е со брачен кревет,
а другата има два поединечни кревети.
Во самиот ранч има кози со јариња, крави и телиња, коњи и ждребиња, кокшки, свињи и ред други домашни животни. Она што е важно да потенцираме е фактот дека овие животни се пуштени слободно да шетат во просторно ограден ранч, а оние кои ќе покажат интерес може да јават и коњи или пак да научат како да јават.

На околу 2 километри од сместувањето има стара воденица покрај река каде имате можност домаќините да ви организираат пикник покрај воденицата. Додека тие ви ја подготвуваат питата под вршник која се парира со нивното домашно кисело козјо млеко, вие можете да ловите риба од реката.


Планината ниуи
можност за велосипедизам, а има и каде да ги оставите велосипедите. Најблиската
соседна куќа е на 2 километри од ранчот, што ви гарантира потполна слобода и
уживање во звукот на природата.
Сигурно сте љупопитни
за повеќе информации, фотографии и контакт за резервација? Доколку одговорот е
да, тогаш кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.