26.12.2020

Живеам во село Бистрица и од мојата фарма произведувам здрави густи сокови

Живеам во село Бистрица и од мојата фарма произведувам здрави густи сокови

Еко тимот на Кајак.мк ве запознава со уште една еко личност која својата животна приказна ја пишува во селото Бистрица. 
Ве запознаваме со Виолета Јанеска. Жената со која ја надополнуваме нашата листа од луѓе кои ќе го трансформираат туризмот во 2021-ва година. 

Виолета живее во селото Бистрица. Село кое се наоѓа на над 600 метри надморска височина и на само 5 километри од Битола. Во ова село луѓето се бават со овоштарството, но застапени се и житните и градинарските култури, а помалку се застапени индустриските култури. Со овоштарство се занимаваат 77% од населението, со полјоделство 20%, а најмалку со 3% е застапено сточарството. 

Што би рекле ние од Кајак.мк идеално село за развој на еко туризам. 

Како и повеќето, така и Виолета се бави со овоштарство. За уредениот двор од нејзината куќа, вели дека самата се грижи, а додека пак со овоштарството работи целото семејство.
Дворот го користи за подготовка на вкусна домашна храна за која знае цела Битола и регионот. Од ајвар, џем, густи сокови, туршија па се до специјалитети од секаков вид на брашно и квасец.

Она што нам ни обрна внимание, се густите сокови кои ги произведува таа со овошје дирекно од нејзината фарма. Ова е добар и интересен момент да се искористи за развој на домашниот туризам во овој предел од државата.

Виолета вели дека омилениот густи сок кој таа го подготвува соодржи тиква, моркови и јаболка. Домашни градинарски плодови. 
Ни ја открива и процедурата. Вели дека овошјтето треба да биде рачно добро исчистено. Се става на варење, па се блендира со рачен миксер, а потоа се цади. Во исцадениот сок се додаваат 2 лимонии и доволно количество вода за да не биде густо.

Виолета вели дека дел од производите ги продава на пазар, а се надева дека свеста за конзумирање на здрава храна се повеќе ќе расте. 

Секој слободен викенд е идеален да се искористи за истражување и откривање на македонските села. Особено во период кога границите се затворени. Кајак.мк како туристички сервер, се надева дека селото Бистрица ќе биде се поактуелно на туристичката мапа. 

Доколку се одлучите да го посетите ова село, еве што можете да посетите:

Црква „Св. Ѓорѓи“ - главната селска црква;

Црква „Св. Никола“ - главната манастриска црква на Бостричкиот манастир;

Археолошки наоѓалиштa

Во Селото — населба од римско и доцноантичко време;

Стара Црква — некропола од железно време;

Св. Ѓорѓија — базилика од старохристијанско време;

Споменик во чест на загинатите борци во НОБ поставен 1971г.Чешма во спомен на Крстин Чулаковски, над селото постои и бункер кој служел за воени дејствија.









Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција

Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.

Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот

Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.