31.03.2020
Airbnb нуди бесплатно сместување на 100,000 лица позитивни на COVID-19!
Airbnb нуди бесплатно сместување на 100,000 лица позитивни на COVID-19!
Стотици сместувачки капацитети на „AirBnB“ останаа без своите гости за во наредните две недели. Компанијата се обидува да ги искористи празните сместувачки капацитети рационално со тоа што објави дека ќе обезбеди бесплатно сместување на 100.000 лица поради COVID-19 низ целиот свет за време на пандемијата на коронавирусот. 
Според веб-страницата на „AirBnb“ за да помогне против коронавирусот таа ќе соработува со „сопствениците“ на капацитетите за да им овозможи на 100.000 даватели на здравствени услуги, доктори, хигиеничарки и помошници при борбата со коронавирусот. Целта е да им овозможи да бидат поблиску до нивните пациенти, но и да бидат безбедно дистанцирани од своите фамилии.
Многу испитаници на COVID-19 биле принудени да ги напуштат своите домови со цел да не ги заразат своите семејства, а притоа се создава дополнителна вознемиреност и стрес. За да им се помогне на овие работници кои ненамерно се инфицирале со вирусот, AirBnb ги повикува сите сопственици да ги понудат своите слободни објекти, а со тоа компанијата ќе ги ослободи од такса.
Компанијата исто така создаде список на протокол за чистење на објектите.

Според твитот на ко-основачот на компанијата „Ербнб“ и извршен директор Брајан Чески на 27 март, ден по првичното објавување, 20.000 домаќини ги отворија своите домови со цел да се приклучат на иницијативата.
Ако сте домаќин кој би сакал да учествувате, проверете ги упатствата. Ако немате сместување за да обезбедите, исто така можете да направите донација. Донациите се наменети за партнерските организации на Airbnb (Меѓународен комитет за спасување, Меѓународен медицински корпус и Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина) кои им даваат поддршка на испитаниците на COVID-19 кои имаат потреба од место за престој.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?