14.04.2021
Хотел во Гевгелија со тераса на покривот за пролетен витамин Д
Хотел во Гевгелија со тераса на покривот за пролетен витамин Д
Секој ден носи нови предизвици и треба да бидеме спремни да ги прифатиме и оствариме. Она што ни се нуди не треба да го игнорираме и занемариме. Тимот на Кајак е во постојано истражување и додавање на нови сместувања, без разлика дали станува збор за вила, хотел, мотел, хостел или друг вид на сместување. Нашата цел е да им понудиме на сите патници сместување по свој вкус, бидејќи сите ние припаѓаме на една заедница, а таа е патувачка.

Доколку барате сместување недалеку од планина или езеро кои сакате да ги посетите со автомобил, тогаш хотел SKY е добра
опција за вас. Лоциран на 30 км од
Дојранско езеро, 1 км од граничниот
премин Богородица и на околу 35 километри од ски центарот „Кожуф“.

Доколку сте сместени во овој хотел неопходно е да го посетитие Дојран барем во текот на сезоната. Дојран на пролет е убав и има што да се прави. Прошетајте по кејот, покрај Дојранско
езеро, изнајмете педалинка или кајак, посетете ги локалните ресторани кои нудат
секогаш свежа риба или пак напијте се кафе во кафулињата покрај езеро.

Исто така препорачуваме да го посетите туристичко место „Смрдлива вода“ каде има минерални извори со мирис кој потсеќа на “расипано јајце”. За
водата се верува дека е лековита и токму
поради чудниот мирис, ова место го добило името „Смрдлива вода“.

Кога сте веќе овде продолжете го вашето истражување и посетете го ски центарот „Кожуф“ кој е на 15-20 км од Смрдлива вода. Доколку сте физички способни можете да појдете со велосипед или пак пеш, но доколку сте се уште почетник,
ви препорачуваме да појдете со автомобил до одредена точка, па оттаму да
продолжете пеш.

Ски центарот моментално е
затворен и не е во употреба, но она што ќе ве
исполни е чистиот воздух и погледот кон планина.

По
сета ова дневна прошетка, се враќате назад во хотелот SKY каде може да направите регенрација на
вашето тело во спа центарот.

За
вечерата ви ја препорачуваме руфтоп терасата на хотелот, од каде се гледа
прекрасното зајдисонце, се осеќа јужниот медитерански воздух кој ве масира
додека уживате вкусната храна.

SKY Хотел
е нов, модерен и луксузно опремен хотел со пет ѕвезди кој нуди возбудливи и
уникатни избори и сигурни сме дека ќе ги задоволи вашите потреби.
| Доколку сакате повеќе информации за хотелот, фотографии, како и контакт за резервација, тогаш кликнете ОВДЕ |
Коментари
-
Кајак.мк
14.04.2021 22:49
Почитуван Златко. Добивте одговор на коментарот на вашиот мејл на профилот. Секое добро, патувајте и чувајте се.
-
Zlatko Nichevski
14.04.2021 21:36
Ve molam cena za dvajca, za period 30.04, do 03.05...
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.