23.01.2022
Изградивме наша ски патека во Подмочани долга 120 метри
Изградивме наша ски патека во Подмочани долга 120 метри
Авантуристичкиот дух кај локалното население кое сака да ужива во зимата не можете да го спречите, туку може само да го наградите. Денеска ве запознавме со група авантуристи од Подмочани, село на источниот брег на Преспанско езеро кои по сопствена иницијатива и од свои средства изградиле ски патека долга 120 метри, а која може да се користи бесплатно.
Тимот на Кајак.мк
разговараше со претседателката на месната заедница Јагода Митревска, која вели
дека ваквата идеја има цел да го поттике скијачкиот дух кај младите жители и да
ги научи најмладите за основите на скијањето.
Патеката се наоѓа во населеното место каде во непосредна близина поминува регионалниот пат кој води до туристичките езерски летувалишта и граничниот премин „Маркова Нога“.
Патеката се наоѓа во близина на „Преспанскиот крст“ и Црквата „Св. Петар и Павле“ кои се уредени со паркови и вреди да се посетат. Овој предел е дел од картата за туризам на Македонија во делот за посета на цркви и манастири, а е познато по името Горица.
„Нашата цел е ова место да прерасне во мал туристички скијачки центар, затоа што сметаме дека има доволно услови за развој. На луѓето во регионот им е потребно места каде ќе може да се напијат кафе, чај и други пијалоци и да направат пикник“, вели Јагода.
Скоро секој млади кој ја користи стазата знае да управува со скии и има опрема, но главна цел на заедницата е да ги научат децата под 10 години на основните техники на скијање. Воедно, целта на заедницата е ваквата стаза која е долга 120 метри да ја зголемуваат во иднина.
Сето ова е нивна финансиска поддршка, а се надеваат дека еден ден ќе може да направат и ски школа. Тимот се состои од 7 членови кои неуморно работат во уредувањето на село Подмочани и регионот.
Користењето на патеката не се наплаќа, велат организаторите. Доволно е да има што е можно
поголема посетеност и да се развива селото. Она што нив им е драго е фактот
дека гостите покрај стазата ги посетуваат и црквата и крстот што е на некој
начин поттик да се развива туризмот во регионот.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен
За сите љубители на ваквиот „Повик на дивината“, можеме да ви потврдиме дека ова сместување ќе ви овозможи еден поразличен викенд, ќе ве ги наполни батериите и ќе ве оттргне од сите хаотични збиднувања во земјата и светот.

Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани
Млекото од магарица на фармата на Тео, нова атракција во центарот на Македонија.

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица
Еј друштво! Ни доаѓа пролет! Топло време, сонце, кратки ракави, живот! Во пресрет на топлите месеци, тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на нови авантури кои можете да ги резервирате за вас, вашето семејство, пријатели или колеги од работа!

Планински стаклени иглу сместувања во кои можете да престојувате
Косово може да се пофали со многу нови и уникатни сместувања, кои тимот на Кајак.мк започна да ги лоцира и додава во базата на приватни сместувања.

Вила во Скопје со панорамски поглед на градот
Вилата има капацитет за 24 лица, што ви овозможува да ги сместите сите ваши гости од странство кои ќе ви дојдат на посета.

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво
За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово