13.06.2023

Предлог викенд дестинација: Селско еко-домаќинство во село Рамне

Предлог викенд дестинација: Селско еко-домаќинство во село Рамне

Тимот на Кајак.мк заедно со СКОПСКО продолжуваат со раскажување на приказните на локалните еко-херои кои ја заслужваат поддршка за она кое го работат.

Денеска ве водиме во село Рамне, каде во своето селско дворче ја затекнавме Наташа Неданоска како подготвува домашен мармалад. Наташа е наша локална хероина која веќе подолго време шири позитива преку својата работа и ги едуцира новите генерации како да ја сакаат и негуваат природата.

Домот на Наташа подолго време е дел од светот на Кајак.мк како една прекрасна гастро дестинација која треба да ја посетите.

„Да се биде селско домаќинство само по себе подразбира нудење на своето секојдневие како автентично искуство за гостите кои ќе не посетат. Како фамилија се трудиме да живееме во согласност со екологијата, но и да дејствуваме во тој правец“, со овие зборови го започна Наташа разговорот за Кајак.мк

На самиот пиедестал во нивната домаќинска куќа е традицијата, но најмногу се потпираат на македонската традиционална кујна. Кога храната е во фокусот на сите збиднувања, семејството Неданоски се фокусира на нивното еко-дејствување.


„Угостувајќи луѓе кои сакаат да вкусат најразлична храна подготвена на традиционален начин, под сач, на пирустија, ние сакаме да им зготвиме што е можно повеќе различни рецепти и да ја испромовираме нашата историја преку храната, вели Наташа.


За почит е фактот дека во семејството Неданоски храната никогаш не се фрла! Таа се служи во тепсии, како во минатото, а гостинот си зема онолку колку што смета дека ќе изеде. Она што останува во чиниите е слатка наслада за ловечките кучиња, а трошките одат за пилињата. Лушпите од процесот на приготвување на храната, дел се компостираат, а дел се веднаш вкусна салата за зајците и кокошките. Од корупките на јајцата се прави раствор за цвеќињата, а понекогаш и печен прав за во храната на прасињата, а она што останува по тепсиите во моментот недојадено?- тоа е мезе за случаен минувач, храна за целото пошироко семејство, неколкудневен доручек или ручек.


За да ја подготват храната, се заложуваат за сопствено производство на месо од мини-фармата, а исто така овошјето и зеленчукот потекнуваат од нивната мала бавчичка.

Ваквиот концепт и помага на Наташа да го искористи шталското арско ѓубриво, а од друга страна пак, да не користи вештачки ѓубрива, пестициди и хормони. Гостите често знаат да ги прашат дали имаат органско производство, а одговорот е дека тие органски ја третираат храната која ја одгледуваат за себе, а ја служаат на посетителите.

Наташа вели дека храна позајмуваат и од природата. Вели „позајмуваме“, бидејќи според неа ниту ја посадиле, ниту ја полевале со вода. Па затоа, кога собираат бобинки, печурки, коприви, чај, овошки, јатки, смрека од природата, освен што внимаваат да не ги оштетат, туку и оние кои доаѓаат со нив ги „учат“ како да се однесуваат кон природата.


Вкусната домашна храна подготвена со локални намирници е причината поради која треба да го посетите семејството Неданоски. Прекрасната природа која ви овозможува активни прошетки, чистиот воздух и идеалната надморска височина ќе ви придонесат за поубав викенд и ќе ве ослободат од стресот. Ваквите активни дестинации и вкусна храна не заборавајте да ги искомбинирате со ладно СКОПСКО.

Повеќе информации за локацијата и контакт од домаќините можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!