23.11.2021
Срцето ми се полни кога гледам детски насмевки
Срцето ми се полни кога гледам детски насмевки
Тимот на Кајак.мк е во постојана потрага по хероите кои
прават мали нешта од огромно значење за туризмот и општеството.
Она кое ние го заклучивме е фактот дека во Македонија недостасува
среќа. Доста од луѓето кои живеат на нашето поднебје не се среќни. Недостасува
меѓусебната поддршка и поттик, недостасуваат насмевките и убавите муабети.
Затоа, нашата цел е еден ден да изградиме база со милион локални херои кои ќе бидат надеж дека можеме самите да си помагаме. Ќе се потрудиме да ги споделиме приказните на сите локални херои кои никогаш не би помислиле дека некој ќе им ја сподели јавно приказната и ќе им даде поддршка на начин на кој Кајак.мк ја нуди.

Ваквата мисија нам нè оддржува во живот и ни дава волја да се будиме секој
ден рано наутро и да трагаме по новите луѓе кои вредат за нашето општество.
Денеска ќе ве запознаеме со уште една локална хероина
која е доказ дека слободното време исполнето со хобито кое го сакате може да ви
донесе дополнителен приход за живеење.
Каранфилка Гицева е жената која изработува куклички преку амугуруми техниката. За неа, со секој сплетен котолец се плети и нејзината душа.

Таа важи за позитивна личност. Безусловно би му помогнала
на секој кој има потреба од помош, а умее својата позитивна енергија да ја
пренесе на останатите. Пронашла начин преку изработката на кукличките да ја пренесе
енергијата и да им ја стопли душата на децата на кои ќе им подари играчка
изработена од нејзините раце.
Научила да плете како дете на 6 годишна возраст, а првото нешто кои успеала да го сплете било фустанче за куклата. Пред неколку години налетала на техниката- амигуруми која била сосема непозната за неа, но доста интересна.

На почетокот од помош ѝ биле едукативните видеозаписи на YouTube, за подоцна да продолжи по сопствената насока. Нејзината прва кукличка била зајче, а потоа изработила неколку жирафички, лавови и ред други животни кои ја поттикнале да ја создаде својата страница именувана како „Среќна дружина“.

За изработка на кукличка во амигуруми техника потребни се безбедни материјали (памучен конец и антибактериско полнење) кои нема да го загрозат здравјето на малите деца и бебиња при нивната игра. Најважно од се е трпеливоста и љубовта при процесот на изработка на куклата бидејќи со секој нареден сплетен котолец, се плете и душата на играчката.

Каранфилка вели дека во изминатите години се вратила модата на плетени изработки. Се повеќе луѓе бараат вакви куклички, затоа што истите тие може да се изработат по слика и да личат на децата. Почнувајќи од иста боја на коса, очи и омилена гардероба.

За неа најважно е децата да бидат среќни. Додава дека
нешто кое најмногу ја исполнува е насмевката на децата кои си добиле куклички кои
таа им ги поклонила.
Дел од кукличките кои ги подготвува, а кои не се наменети за одредени деца, ги објавува и продава преку својата страница Srekna druzina - racno izraboteni kuklicki.

Ваквите луѓе како Карафилка заслужуваат внимание од тимот
на Кајак.мк, а кои луѓе имаме цел да ги вклучиме во нашата кампања за месец
декември, за која можете да дознаете повеќе со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?