16.05.2022
Ранчот на коњи во Неготино: Ги поттикнуваме гостите да се заљубат во коњите
Ранчот на коњи во Неготино: Ги поттикнуваме гостите да се заљубат во коњите
Во базата на Кајак од денеска ни се приклучува уште една уникатна локација која на дел од нашите патувачи им е позната како „Коњанички клуб- Adventure“.

За нашите патувачи
кои пак за првпат се среќаваат со клубот, треба да знаат дека тој се наоѓа во
Неготино, односно во населбата „Саат Кула“.
Оддалечен е еден километар од центарот на градот, а претставува атракцивна викенд дестинација за локалното население.

За оние кои немаат
искуство во јавањето коњи, може да јават исклучиво во кругот на ранчот. Додека
пак на искусните јавачи може да им се организираат тури и надвор од ранчот, на
отворен терен.
Ранчот располага со 5 коњи. Домаќините за Кајак велат дека пробно јавање чини 150 денари. Во склоп на ранчот има и ресторан каде може да се нарача храна или пиење.

Клубот започнал
да функционира во 2017-та година, а изграден е од љубов кон коњите без комерцијална
намена. Започнал да функционира со 2 коњи и со тек на време бројката достигнала
до 5 коњи.
Доколку сакате
точна локација и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!