14.08.2022

Успеав да изградам еко приказна во селото на Силјан Штркот

Успеав да изградам еко приказна во селото на Силјан Штркот

Тимот на Кајак.мк неуморно продолжува со промоција на нови локални херои кои нам ни значат многу повеќе од туризам. Тоа се луѓе чии приказни имаат цел да го мотивираат населението да започне да размислува за придобивките од здравиот начин на живеење, здравата храна која ни ја раѓа нашата почва и да отпочне да размислува како да го замени урбанизираното секојдневие со рурални патчиња кои водат до спокојот и комфорот.


Денеска ќе ве запознаеме со нашата нова локална хероина Гордана, чија животна приказна е катадневно поврзана со новинарството, спортот и традиционалната здрава храна.

Среќни сме што Гордана од денеска е дел од светот на Кајак.мк, а доколку сакате да стапите во директен контакт, ние ви овозможуваме контат со еден клик ОВДЕ.

Гордана вели дека љубовта кон новинарството резултирала со креирање на локалното радио Пела и порталот радиопела.мк, медиуми во кои што најголем простор има токму за овие теми: спорт, земјоделство, екологија, кулинарство. Таа потекнува од семејство каде трпезата, готвењето, вкусната храна особено се почитува.


Инаку по професија е поранешен спортист, ракометарка и долгогодишен активен новинар со афинитети кон земјоделството, особено еколошкото, органското производство на здрава храна.

Денеска, Гордана гради една прекрасна еко приказна во селото Мало Коњари, кое се наоѓа на 6 километри од Прилеп, во срцето на Пелагонија, а на самиот регионален пат кон Крушево. Мало Коњари е познато и како селото на Силјан Штркот, препознатливо по производство на житарици, градинарски производи, а има долга традиција за производство и преработка на млеко и домашна продукција на сирење на традиционален начин.


Таа вели дека Мало Коњари е нејзиното родно село, тука го завршува основното образование и преку животните искушенија во Македонија и Австралија, повторно се враќа дома каде ја гради нејзината „Бавчика“, која е практично во нејзиниот двор. Традицијата за одгледување на здрава храна, Гордана вели дека е наследство од нејзиниот дедо кој на сегашните простории пред неколку децении одгледувал расадници за јаболка, а покрај дедо и, овде е нејзиниот татко кој исто така бил вљубеник во овоштарството.


Денеска, ваквата традиција ја продолжува таа, преку мисијата во еколошкото градинарство. Бавчата и малиот расадник се далеку од секакво загадување, на крајот од селото, каде секое семејство си одгледува за свои потреби и своја душа.

Бидејќи љубопитноста е одлика на новинарите, така започнала и „Бавчика“. Заедно со нејзиниот сопругот изминативе неколку години експериментирале како ќе им оди со производството на зеленчук за домашни потреби без користење на хемиски препарати. Покрај градината и овоштарникот, одгледуваат кокошки, мисирки, гулаби...   Производството е традиционално – еколошко, со користење на систем капка по капка.


Гордана вели дека Бавчика е „алергична“ на секаква хемија. Овој мал еко – систем е приказна која што ја градат со многу љубов, најчесто преку сопствено искуство, во соработка со земјоделски стручњаци кои се дел од нивната новинарска работа. Целта е да се создадат здрави и вкусни земјоделски производи спакувани на традиционален начин без користење на конзерванси.


Од плодовите преработуваат џемови и сокови од вишни, кајсии, малини, јагоди, кои што растат во нивниот двор, и како ќе стасуваат домати, пиперки, црни  патлиџани, целер, прокељ, зелка, гравче, јаболка, круши, лешници, така ги продаваат по порачка, или ги пакуваат во тегли.


За Гордана ваквата идеја тлеела и растеше повеќе години, а главната поттик и бил престојот од 10 години и искуството во Австралија, која за неа е држава што има еден посебен, суптилен начин за зачувување на еко средината и каде особено се ценети органските производи. Таа вели дека во Австралија има едно мото, а тоа е дека не секоја храна е храна.


Денеска, Гордана вели дека доколку има заинтересирани кои сакаат да ги посетат и да дегустираат од нивните производи или пак да купат за домаќинствата се добредојдени во секое време.

Доколку сакате повеќе информации и контакт за комуникација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Emilija krstevski

    17.08.2022 23:08

    Veruvam na nasata sredba edvaj ceka da ve zapozna prekrasna ste i da razgovarame na temata i jas sum isto kako vas so iskustvo pobarajteme na profil ili tel broj ostavete ve molam ve cekam poz

Прочитајте повеќе

Вевчански карневал – магијата на традицијата во Македонија

Искусете ја магијата на Вевчанскиот карневал – традиционални маски, музика, улични перформанси и културни обичаи во Македонија.

Божиќно изненадување: Прва етно вила во село Велмевци: Идеална за празнични собиранки

Етно вила во село Велмевци. Сместување во село Велмевци.

Бадник – Традиција, Вера и Благослов во Македонските Домови

Прославете го Бадник со духот на македонската традиција, вера и семејна сплотеност. Откријте го значењето на Бадниковото гранче, бадниковата трпеза и духовната симболика што носи мир, благослов и хармонија во секој дом.

Коледе, Бадник и Божиќ: Традиции што го красат зимскиот период

Откријте ги традициите и обичаите на Коледе, Бадник и Божиќ – од коледеарските песни и бадниковата погача до свечената трпеза. Прочитајте како се празнуваат најубавите зимски денови со семејство и блиски.

Нова Година, нови приказни – патувајте со Kajak.mk

Kajak.mk ве поканува на инспиративни патувања во Македонија. Истражете уникатни дрвени куќички, мирни планински локации и автентични доживувања.

Кајак.мк ги носи најдобрите дрвени куќички во Македонија

Дрвени куќички на Кајак.мк. Македонија, туризам и уживање.