14.03.2020
Сè што треба да знае еден патник за коронавирусот
Сè што треба да знае еден патник за коронавирусот
Корона вирусот предизвикува распираторни заболувања кај
луѓето. Откриен е во Кина во декември 2019-та година. Брзо се шири низ целиот
свет, зафаќајки 123 земји, територии и обласи на шест континенти.
Еве што се треба еден патник да знае за
ковиот коронавирус:
Што е коронавирус?
Новиот корона вирус,
научно е именуван како Ковид- 19. Ова е првпат научниците да се сретнат со
ваков специфичен коронавирус, кој предизвикува распираторни заболувања.
Каде започна појавата
на коронавирус?
Коронавирусот за прв пат е откриен во градот Вухан, провинцијата
Хубеи, Кина, кон крајот на декември 2019-та година. Се верува дека вирусот
наводно започнал од животните, од пазарот на живи животни во Вухан и во
моментов се пренесува од човек на човек. Точниот извор на „Ковид-19“ засега е
непознат, но некои студии откриваат дека можеби потекнува од лилјаци.
Како можете да сте заразени
од новиот коронавирус?
Како и многу други респираторни заболувања, новиот коронавирус се
верува дека се пренесува од човек на човек преку воздухот кога некој кива или
кашла. Според Центрите за контрола и превенција на болести, вирусот исто така
може да се пренесе преку допир на заразените лица, од површините или предметите
каде што вирусот се наоѓа. Студиите проценуваат дека вирусот може да остане на површината
до девет дена на собна температура, но дека дезинфекциите и повисоките температури
можат да го уништат.
Просечниот период на инкубација на Covid-19 е пет до седум дена, а максимумот е 14 дена.
Кои се симптомите на
новиот коронавирус?
Симптомите вклучуваат треска, кашлица и останување без здив. Новиот
коронавирус може да предизвика пневмонија или бронхитис.
Дали е опасен новиот коронавирус?
Новиот коронавирус може да предизвика тешка пневмонија и бронхитис.
Луѓето со кардиопулмонални или кардиоваскуларни заболувања, ослабен имунолошки
систем, деца и стари лица се со најголем ризик.
Дали може да се лечи
новиот коронавирус?
Како нов вирус, во моментов нема третман или вакцина против
Covid-19. Единствено што медицинските професионалци во моментов можат да
направат е да ги ублажат симптомите на заразените пациенти.
Како да спречите да бидете заразени од
новиот коронавирус?
Светската здравствена организација (СЗО) препорачува:
Редовно мијте ги рацете со сапун и вода или со средства за
дезинфекција на рацете базирана на алкохол.
Покријте ја устата кога кашлате или кивање, а потоа измијте ги
рацете.
Не ги допирајте очите, устата или носот со неизмиени раце.
Избегнувајте контакт со секој што кашла, кива или има треска.
За да спречите
другите да се заразат:
Останете дома ако се чувствувате лошо и избегнувајте контакт со
другите.
Темелно измијте ги предметите и површините што можеби сте ги допреле
ако се чувствувате лошо.
Што треба патниците
да знаат за новиот коронавирус
Соопштение на МНР објавено на 13.03
Министерството за надворешни работи, врз основа на официјалните
мерки и препораки, упатува апел до сите државјани на Република Северна
Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го
одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.
Листа на владините мерки и препораки можете да најдете тука
Листа на земји од висок, среден и низок ризик можете да најдете тука
Министерството за надворешни работи продолжува будно да ја следи состојбата со COVID-19 во и вон земјата преку дипломатско конзуларните претставништва и останува во постојана комуникација и координација со останатите релевантни институции во државата.
Министерството за надворешни работи повторно апелира во целост да се почитуваат и следат официјалните владини мерки и препораки.
МНР формираше координативно тело за помош и поддршка на државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19)
Соопштение на МНР објавено на 14.03
Во рамките на Министерството за надворешни работи на Република Северна
Македонија е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите
државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и
аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со коронавирусот
(COVID-19).
Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:
+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
+389 75 446 647 (редовна линија)
+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
Електронска пошта: [email protected]
Уште еднаш, апелираме, врз основа на официјалните мерки и препораки, сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.
Соопштение на МНР објавено на 15.03
Министерството за надворешни работи преку Координативното тело за помош и поддршка на државјани на Република Северна Македонија кои, поради новонастанатата ситуација со корона вирусот (COVID-19), се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, оствари мноштво контакти и разговори како со засегнатите наши граѓани, така и со различни институции во државата и во странство со цел изнаоѓање на решенија и давање соодветни информации и совети.
По интензивна комуникација и координација со наши граѓани кои се враќаат во државата, како што е случај со тие од Малта, Шпанија или транзитирањето низ Република Србија и Република Албанија, се преземаат најсоодветни можни решенија, во услови на менување на околностите на дневна основа.
Во Малта нашите граѓани се упатуваат за враќање во државата преку аеродромот во Истанбул; во Шпанија, како земја со висок ризик, се изнаоѓаат алтернативни дестинации и транзити како нашите граѓани би можеле да допатуваат во Скопје, што е случај и со аеродромот во Белград, а се работи и во координација со соседна Албанија.
Дополнително беше одговорено на голем број прашања на наши граѓани кои се соочуват со практични проблеми поврзани за престојот во странство, патување низ територијата на државите во Европа, како и можноста за нивно враќање во државата.
Министерството за надворешни работи прави напори за надминување на ваквата состојба и остварува постојана комуникација со сите заинтересирани страни, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, како и согласно мерките на другите држави во кои престојуваат или транзитираат нашите граѓани.
СИТЕ НОВОСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!
Следете ја моменталната состојба во светот на TRACK CORONA!
Информациите се првично објавени на 14.03.2020, што може истите да се променат додека вие го читате текстот!
Блог
Препораки
Read More
What to Do This Weekend in Skopje? | Kajak.mk
Looking for weekend ideas in Skopje? Discover horse riding, donkey walks, carriage rides, and fun outdoor activities with Kajak.mk.
Skopje Now Connects to 50 Direct Destinations as Travel from Macedonia Surges 29%
Skopje connected to 50 direct destinations in summer 2026, while passenger numbers from Skopje and Ohrid rose by 29%.
From an Idea to a Destination: The Story of Antiko in the Heart of Berovo
In the heart of Berovo, Antiko welcomes you with homemade flavors, a warm atmosphere, and genuine hospitality — a place where good moments are shared around the table.
Bolotana – The Village of Centenarians: Does Macedonia Have Its Own “Blue Zone”?
Bolotana in Sardinia is known for its remarkable number of centenarians. What lies behind their longevity, and does Macedonia have its own village of long-lived residents?
Another Successful Team-Building Experience by Kajak.mk!
Another Team-Building Experience Organized by Kajak.mk!
Kajak.mk with a New Mountain Accommodation on Mount Obozna – 1,000 m Above Sea Level!
Just when you think you’ve seen and visited everything in Macedonia, Kajak.mk takes you to a new place and a new destination!