21.04.2021
Ќе го вратиме извидништвото во Прилеп на мода
Ќе го вратиме извидништвото во Прилеп на мода
Ако треба одбереме по кој пат ќе се движиме, нашиот тим дефинитивно би тргнал по еколошкиот. Ни доаѓаат нови времиња кога модерното ќе биде минималистичко, а патувањата ќе бидат детални. Луѓето се повеќе ќе се фокусираат на патувања на кои поголемото време ќе го одвојат за истражување на регионот. Наша цел е да ви докажеме дека доколку престојувате на одредени дестинации на начин на кој локалното население живее, ќе научите многу повеќе и ќе го почувствувате регионот на вистински начин.

Има категорија на патници кои преферираат авантуристички начини на патување. Овој начин на патување во минатото беше доста атрактивно, но денеска повторно ни тропа на големата врата.

Ние разговараме со Бојан Трајкоски, човекот кој е дел од Кампинг Македонија и кој е убеден дека извидништвото ќе ни се врати во мода. Во неговото здружение членуваат спасувачи, пожарникари, лица за односи со јавноста, професори по физичка култура како и поранешен легионер. Целта е преку едукативни и културни настани да го развијат локалниот туризам и да поттикнат поголем број на туристи да им се приклучат на нивните кампувања, извиднички настани и логорување.

Бојан вели дека за време на пандемијата, почувствувале интерес за развој на алтернативниот туризам во прилепскиот регион. Тие се убедени се дека ќе го развијат туризмот во Прилеп преку доста организации. Нивната мисија е да ја поттикнат младата сајбер популација да излезе во природа и да биде физички активна.

Велат дека најважно од се е да им помогнат на младите да изградат спортски дух и да живеат квалитетно.

Кајак.мк и campingmk наскоро ќе споделат повеќе информации за тоа на кои локации ќе се организираат ваквите извиднички тури. Повеќе информации за нив на инстаграм: campingmk или фејсбук: Camping Macedonia.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.