06.03.2023
Ги поврзуваме Македонија и Словенија преку уникатна винска приказна
Ги поврзуваме Македонија и Словенија преку уникатна винска приказна
Оние кои се во постојана потрага по нови вински приказни сигурно веќе слушнале за винаријата Пуклавец која во 2019-та година ја отвора својата “бутик“ визба во регионот на Неготино. Тимот на Кајак.мк не би бил рамнодушен доколку не ви ја сподели приказната за оваа семејна винарија која веќе неколку години го промовира квалитетното македонско вино на европскиот пазар. За нас винаријата Пуклавец е уште еден одличен пример за добра конекција помеѓу Македонија и Словенија.


Винаријата Пуклавец е една од водечките словенечки винарски визби, шесткратен добитник на титулата „Винар на годината во Словенија“. Нејзината приказна започнува во далечната 1934-та година кога Мартин Пуклавец започнува со производство на висококвалитетно вино кое ги задржува основните вредности на неговото семејство, како страста, напорната работа и посветеноста на највисокиот квалитет.
Денеска, винаријата Пуклавец произведува хармонични, висококлвалитетени и луксузни вкусови. Нивната приказна ја збогатуваат во 2019-та година, кога винаријата отвора свој вински подрум во регионот на Неготино.

Од винаријата велат дека одлучиле за неготинскиот крај пред се поради бројот на сончеви денови во годината, идеалната надморска височина и самата почва за која велат дека изобилува со минерали.

Винаријата Пуклавец ја промовира Македонија како винска дестинација на повеќе начини. На нивната официјална интернет страница може да се најдат многу корисни и промотивни информации за Македонија. Воедно квалитетното вино кое го произведуваат во Македонија е една од причините за привлекување на странски туристи.

Годишното производство од околу 300.000 шишиња македонско вино, овозможуваат винаријата Пуклавец да заземе значајно место на листата на винарии кои вложуваат во Македонија.


Виното кое го произведуваат во Македонија е од сортата Каберне Совињон, Мерло и локалното грозје Вранец.
Винарската визба во Македонија е на некој начин “бутик” визба, која претставува помалку од 10% од вкупното производство на семејната винарија Пуклавец, што е околу 5 милиони шишиња годишно. За винаријата секогаш е важно да се задржи допирот со развојот на индустријата и напредокот. Од винаријата додаваат дека Македонија има фантастични услови за производство на црвено вино и тоа е главниот мотив да продолжат да инвестираат овде, што е голем предизвик.

Седиштето на
винаријата Пуклавец се наоѓа во Ормож, Словенија кој е препознатлив по своите
висококвалитетни вина. Како најпрепознатливи вина кои ги произедува винаријата
се „Jeruzalem Omorž“ кој е
воедно и најпрепознатливиот бренд на винаријата, а во своето порфолио го имаат
и брендот „Seven Numbers“ кој
е ексклузивен пијалак за странскиот пазар, додека пак Македонскиот бренд е
познат под брендот „Instinct“.
Контакт
телефонски број од винарската визба на Пуклавец можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.