16.07.2023

Нова предлог гастро дестинација на мирна локација опколена со многу зеленило

Нова предлог гастро дестинација на мирна локација опколена со многу зеленило

Тимот на Кајак.мк има цел да ве запознае со сите уникатни локални гастро дестинации кои вреди да ги посетите. Моментот кога ќе помислите дека сте ги дознале сите места во Македонија кои вреди да се посетат, баш тогаш ние ќе ве запознаеме со нова дестинација која ја храни туристичката мапа на Македонија.


Денеска ве водиме во тетовскиот регион, односно во село Јегуновце каде разговаравме со домаќините на „Ресторанот Кула“ кој од денеска можете да го најдете во нашата база или со еден клик ОВДЕ.

Гостопримливоста и културната комуникација на домаќините на ресторанот ни остави голем впечаток, што за нас е правилниот начин на кој треба да се дејствува кога сакаме да развиваме туризам.


Домаќините ни раскажаа дека ресторанот нема долга историја и минато, бидејќи истиот е отворен минатиот месец јуни, но пак велат дека почетокот на приказната започнал добро и се надеваат дека така ќе продолжи и во иднина. Она што е уникатно за ресторанот е фактот кој вели дека дрвото кое се користело за оградата на балконот е дрво старо скоро 100 години и е од околните стари селски куќи.


Ресторанот се наоѓа во околината на селото Јегуновце, недалеку од реката Вардар која е една од причините за бујната вегетација во регионот. Со прекрасен двор и можност за уживање под отворено небо или пак во затворениот простор, новата гастро дестинација ви овозможува да вкусите разновидна традиционална храна. Почнувајќи од салати, специјалитети од месо, локални закуски и макала, па се до италијанска кујна која опфаќа пици и разни специјалитети од паста.


Рестроанот има капацитет за околу 300 гости, а отворениот дел има простор за околу 200 гости.

Повеќе фотографии, како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!