04.01.2022

Сместување на Попова Шапка идеално за цела екипа!

Сместување на Попова Шапка идеално за цела екипа!

Пред нас се одлични четири месеци за уживање во снегот на Попова Шапка. Без разлика дали ќе отпатувате на 3 дена или на цела недела, најважно од се е со кого ќе отпатувате.

Доброто друштво ви гарантира добри спомени и искуства.


За оние кои сакаат да отпатуваат во друштво од 6 до 10 лица, тогаш нека ги погледнат „PubPorta Apartments“ кoја вила од денеска е дел од нашата база на приватни сместувања.

Овој огромен апартман располага со две соби со по три кревети, а во дневниот простор може да преспијат и до 4 лица. Домаќинот на вилата вели дека максималниот капацитет е до 10 лица, но за најдобра комоција се препорчува престој на група до 6 лица.


Вилата има комплетно опремена кујна со шпорет, фрижидер, прибор за готвење, а во дворот има и надворешна скара на ќумур.

Вилата располага со голема остава за зимска опрема, а опремена е и со wi-fi и Max TV.


Она што нам ни е доста драго е фактот дека ова сместување дозволува влез на домашни миленици.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Sara Dzanovik

    17.11.2022 11:33

    Dali moze da e amestuvanje od tri dena za dva lica

  • YURY KIREEV

    04.02.2022 16:10

    Good day! We want to stay in your hotel again from 15-18 or 16-19/02/2021 (three nights). We have a big family: 2 adults and 4 children (14 years old, 7 years old, 6 years old, 4 years old). Could you accommodate us? Sincerely, Yuri Kireev

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.