24.11.2020
Се иселив од Русија и живеам во Демир Капија: Во летниот период организирам камп за авантуристи
Се иселив од Русија и живеам во Демир Капија: Во летниот период организирам камп за авантуристи
Надвор е веќе
студено, но тоа не значи дека треба да се затвориме дома. Луѓето кои гледат
позитивно на работите, гледат и на тоа како да го искористат секој слободен ден
од годината за активност на отворено. Ние денеска ве запознаваме со Александр Кленов. Човекот кој веќе подолго време организира камп за авантуристи и
алпинисти во Демир Капија. 
Александр
Кленов е роден во Советскиот Сојуз, регионот северно од Казахстан. Средно
школо завршува во Русија, а потоа влегува во техничкиот инситут во Урал. Но,
уште од средно училиште е посветен на планината, алпинизмот и искачувањето по
карпи. Во неговиот институт бил водич на еден планинарски клуб, а долги години
дел од професионален алпинистички тим. Шампион е на мнгогу национални и
меѓународни натпревари. 
Како дете има практикувано многу спортови, но на крајот се пронаоѓа во качување по
карпи. Ова е хармоничен спорт кој бара максимална концентрација и интуиција,
принудувајќи ги апсолутно сите ваши мускули да работат, контрола на вашите
мисли и ментална контрола на вашето тело, вели Александр.
За него ова
година беше многу тешка за сите. Светот се соочува со огрома криза, но тој вели дека не губи надеж
за наредната година. Очекува спортот на отворено да доста баран во иднина. Бидејќи на луѓето им треба излез од
секојдневните грижи, од метежот во градот и од постојаното контролирање. 
Природата ни дава
многу, затоа секоја активност во природа ве исполнува со енергина и радост, а
тоа е многу важно во животот, вели тој.
Александр вели:
„Јас и самиот патував многу во
животот. Сето тоа ми помага во организирањето на камп во Демир Капија. Гостите
кои доаѓаат во кампот се претежно авантуристи кои се потпираат на самите
себеси, имаат огромно патувачко искуство, сами поставуваат шатори и обожаваат неформални
организации. Повеќето не бараат дискотеки и организирани журки, едноставно
нешто што им е потребно е ѕвездено небо, разговор со своите пријатели и
дегустирање на квалитетна храна. Сакаат да ја запознаат областа и културата на
земјата. Јас имам и мое мото, слоганот „Пронајдете ја својата Демир Капија“. 
Она на што најмногу обрнувам внимание е организацијата во кампот. Па, и несомнено на секој кампер му требаат услугите како електрична енергија, кујна, тоалети, тушеви, топла вода, интернет, место за оган и пред сè, чистота на местото.
Она што е доста
битно да се знае е тоа дека зимата е исто така одлично време за спорт на
отворено. Климата во
Демир Капија е блага, обично без снег и нуди можност за било каква активност. За планинарење, повеќе ми се допаѓа зимата - помалку трње,
не е жешко, без змии. Се уште постои можност за качување по карпи, особено
на сончев ден.
Одлично е и за посета
на пештери, тие оддржуваат скоро постојана температура и во лето и на зима.
Додека пак велосипедизмот, тој е одличен во текот на целата година. Единствена
пречка се долгите и ладни ноќи, но нив можете да ги поминете во добро друштво
со чаша вино и да уживате во локалната кујна. Шатор во зима? Се разбира за
екстремните љубители, но сепак се препорачува загреана хотелска соба или
апартман.
Демир Капија ги
чека туристите во било која сезона, а секој гостим може да смета на топол
пречек.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.
Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели
Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.