30.10.2023
Тим билдинг во Галичник: Од галички џин до авантуристичка тура
Тим билдинг во Галичник: Од галички џин до авантуристичка тура
Галичник можете да го уживате од пролет па до крајот на есента, но под знак прашалник поради снегот и временските услови кои го зафаќаат овој предел. Според нас, идеален за посета на Галичник е летниот период бидејќи природата, воздухот и храната ќе ви овозможат да ги наполните вашите батерии и да се одморите во зелениот спокој на планината.

Нашиот тим имаше
уште еден прекрасен викенд во Галичник каде што беше реализиран уште еден прекрасен
тим-билдинг. Последните сочневи денови ги искористивме за да уживаме во ова
прекрасно планинско место кое раскажува многу приказни од минатото.
Денот ни започна со кафе и атв тура во околината на Галичник, за потоа да продолжиме со дегустација на галички џин, нешто што е сосема ново во Македонија. Среќни сме што Кајак.мк е првиот организатор кој на своите групи им овозможил да го дегустираат вкусот на Галичник, а како платформа која ја промовира уникатноста на Македонија, гарантираме дека ваквите моменти кои ги промовираат сегашните локални херои ќе продолжат и во иднина.

Пред самата дегустација, реализиравме АТВ тура во околината на Галичник, а денот ни заврши со галично сирење, салата, ракија, домашни макала и вкусно месо. Македонија има прекрасни локации на кои може да се организира еднодневни тим-билдинг и друштвени патувања, а храна како што нуди нашата земја, не би можеле да најдете на друго место.
Повеќе фотографии
од турата можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?