08.02.2023

Во Македонија постојат дрвени куќарки на 1410мнв во кои можете да престојувате

Во Македонија постојат дрвени куќарки на 1410мнв во кои можете да престојувате

Платформата Кајак.мк постои со цел да ве запознае со сето она кое го имаме во Македонија, она кое треба да го вреднуваме и секако на крајот на денот- да го посетиме!

Нашата цел во 2023-та година е да достигнеме бројка од над 600 уникатни прибежишта во кои ќе можете да уживате со вашето семејство, блиски пријатели или пак ќе можете да организирате тим-билдинг заедно со вашите колеги од работа.

Денеска ве водиме во селото Ќафа кое е сместено во подрачјето на планината Добра Вода. Сигурни сме дека за селото Ќафа не сте слушнале повеќето од вас?


Денеска во селото не живее никој, но затоа од средината на месец април ќе бидат отворени нови уникатни дрвени куќарки, кои можете да ги резервирате со еден клик ОВДЕ. Прекрасната шума и чистиот воздухот се главната причина поради која треба да го посетите овој крај на Македонија и да се уверите дека во Македонија има луѓе кои креираат локален туризам што значи приказна.

Ние разговаравме со домаќинот Шази, човекот кој за селото Ќафа вели дека ќе остане негова вечна дедовина каде одлучил да инвестира да ја вложи сета љубов во создавањето атракција која ќе го оживее пулсот на ова напуштено селце.


Селото Ќафа е идеална дестинација за љубителите на боровата шума. Ресортот е опкружен со борова шума која е стара над 30 години.

Ресортот Лиса ќе ги отвори вратите за гости во месец април, а во тек се финалните подготовки на ресторанот и уредување на околината.

Шази вели дека преку летниот период оваа дестинација е идеална бидејќи преку ден не е жешко, а ноќите се свежи. Причината е надморската височина од 1410 метри.

До ресортот се пристигнува по асфалтиран пат кој води од градот Кичево и е оддалечено 26 километри.

Гостите ќе може да резервираат сместување од средината на месец април. Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација можете да добиете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!