02.12.2020
Вила на Беровско идеална за снежни денови!
Вила на Беровско идеална за снежни денови!
За љубителите на снегот, но не и на скијањето, постојат доста опции за престојување во Македонија. Една од дестинациите кои ние ви ја препорачуваме задолжително да ја посетите во зима, особено кога има снег е Берово. Дали сте знаеле дека Берово е град со највисока концентрација на кислород во воздухот на Балканот? Над Беровското езеро поминува еден од само 4 коридори со збогатено количество на кислород кои се среќаваат во светот, а кои ги има во Перу, Аљаска, Северна Индија и кои овозможуваат идеални услови за воздушна бања.
Нашиот еко тим кој е во постојана потрага по нови места за престој, денеска ве запознава со Хестиа Апартманите во Берово кои се на одлична локација. Опколени со борова, букова и дабова шума и недалеку од Беровското езеро кое Ви дава чувство на недопрена убавина.
Ако решите да го посетите Берово, не брзајте да стигнете порано. Искачувајќи се кон преубавиот зимски планински предел ќе ја поминете Мискиџиовата чешма и ќе стигнете до Обозна – највисокото место, со надморска височина од од 926 метри. Наша препорака е да направите кратка пауза овде и да вдишите длабоко. Ќе го почувствувате чистиот планински воздух со највисока концентрација на кислород и ќе ја осетите острината на планинскиот ветер. 
Во далечината ќе ги забележите планинските врвови покриени со снежната кристална белина и тогаш ќе се уверите во беспрекорната убавина што не е нималку помала од убавината на Швајцарските Алпи. Токму затоа на Берово многумина го нарекуваат и Мала Швајцарија.
Доколку сакате да дознаете повеќе информации за вилата, цени и фотографии кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден
Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?