05.12.2022
Изработувам накит и украси од епоксидна смола
Изработувам накит и украси од епоксидна смола
Во студените и врнежливи есенски денови голем дел од луѓето наоѓаат креативно прибежиште и инспирација за остварување на ново хоби. За таа прилика деновиве разговаравме со младата студентка Андријана која од неодамна својата имигинација и креативност ги преточува во изработка на мали и симпатични нешта со помош на епоксидна смола.

Со звукот на дождот и прикладна музика нејзините вешти раце
изработуваат најразлични нешта од украси, бележници за книги, па дури и накит.
Интересен е фактот што во голем дел од нејзините изработки таа како украс користи цвеќиња кои делумно самата ги одгледува, а делумно ги собира во природното опкружување што само по себе е уникатна идеја бидејќи на тој начин цвеќето се конзервира и зачувува голем дел од својата автентичност.

Вели не може да се
опише ефектот на смирување и активно
,,полнење на батериите" по напорниот ден со вообичаените обврски
како студент.
Ова интересно хоби побуди кај нас посебен интерес и научивме дека употребата на епоксидна смола прераснува во модерен тренд. Таа се користи како декоративен дел во мебелската индустрија. Комбиниран со други засилувачки влакна епоксидот се користи и за изработкаа на скии, даски за сноуборд, хокеарски стапови и голем број други алатки од секојдневието.

Андријана би сакала во иднина да го проучи и усоврши користењето на епсоксидна смола комбинирано со елементи за изработка на мебел што за неа е посебен предизвик и мотив.

За крај таа има да ни каже ,,Искрено препорачувам на секој
да работи на своите идеи, бидејќи никогаш не знаеме до каде може да стигнеме.
Отварањето на свој профил на социјалните мрежи е бесплатно, а останатото е
многу работа и труд .
Изработките на Андријана можете да ги погледнете на нејзиниот инстаграм профил @anni_epoxy.

Посебно интересни за овој период пред Нова Година и Божиќните празници се рачно изработените лампиони кои би дале посебен сјај на вашата новогодишна елка.
Повеќе производи од Андријана можете да погледнете во нашата нова „Бакалница“ која ќе стартува со работа многу наскоро, а каде ќе можете да купувате он-лајн од вашиот дом. Тезгата на Андријана можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.
Бидете свои и споделете ги вашите приказни со Кајак.
Истражува и раскажува: Александар Петковски
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!